Занимливости
15 причини зошто лимоните се многу корисни

Многу обични работи што ги имате дома можат да бидат корисни кога станува збор за чистење на куќата – само треба да знаете како правилно да ги употребите.

 

Прочитајте ги овие 15 начини како да употребите обичен лимон што ќе ви даде сосема нов начин на гледање на ова овошје!

 

 

1.  Универзално средство за чистење

 

01

 

Излупете ја кората од еден лимон, потопете ја во 150 мл оцет и оставете ја да отстои преку ноќ. Утредента додајте 150 мл вода. Толку! Истурете ја смесата во празно шише-прскалка и користете ја како природно средство за чистење низ вашиот дом.

 

 

2. За чистење на даската за сечење

 

02

 

Одржувајте ја даската за сечење чиста со помош на преполовен лимон во улога на сунѓер и сол како средство за чистење. Откако ќе го направите тоа, оставете ја даската така 10-15 минути, а потоа повторете ја оваа постапка уште еднаш.

 

 

3. За бели алишта

 

03

 

За алиштата да бидат побели, потопете ги во мешавина од лимонов сок и сода бикарбона најмалку половина час пред перење.

 

 

4. За маникир

 

04

 

Подгответе го овој рецепт за да ги одржувате вашите нокти силни и здрави. Рецептот е многу едноставен: само додадете неколку капки сок од лимон во топла вода.

 

 

5. За отстранување на пегите

05

 

Лимонот исто така, може да помогне при отстранување на несаканите пеги или флеки на лицето. Само исечете парче лимон и нежно тријте низ лицето.

 

6. За подобрување на дигестивниот систем

 

06

 

Пиењето на една чаша топла вода со лимон и мед наутро на празен стомак помага да се подобри варењето на храната и да се зајакне вашиот имунолошки систем.

 

 

7. За чистење на рацете по јадењето

 

07

 

Кога масата е поставена со храна што треба да ја јадете со раце, убава идеја е да обезбедите мали чинии полни со лимонова вода за миење на раце.

 

8. За освежување на апарати

 

8

 

Обидете се да го избришете вашиот фрижидер со сунѓер натопен во лимонов сок и ќе се ослободите од непријатните мириси. Користејки лимон, исто така можете да направите свој домашен освежувач на воздухот. Само додадете сок од лимон кога машината за садови е празна и оставете да работи еден циклус.

 

 

9. Одгледување никулци

 

9

 

Лимоните исто така можат да се искористат за растење на никулци. Исцедете го сокот и ставете го семето во половинката кора на лимонот. Потоа ставете земја за да го засадите.

 

 

10. Отстранување на мирисот од чевлите

 

10

 

Ставете свежа кора од лимон во чевлите и оставете ги така да седат преку ноќ за да ги апсорбираат непријатните мириси.

 

 

11. Држачи за свеќи

 

11

 

Пресечете ги лимонот на половина, издлабете ја внатрешноста и внатре ставете мала свеќа. Исечете го врвот на лимонот и залепете ја половинката за рамна површина за да не паѓа.

 

 

12. Подобрување на целокупното здравје

 

12

 

Комбинацијата на сок од лимон и сода бикарбона има алкализирачки, дигестивни и депуративни својства. Го регулира нивото на лошиот холестерол, го прочистува црниот дроб и ни дава добра доза на витамин Ц. Додајте една лажичка сода бикарбона и сок од половина лимон во чаша минерална вода и пијте го во утринските часови. Консумирајте го цели две недели, а потоа одморете уште две.

 

 

13. Чистење нерѓосувачки челик

 

13

 

Кора од лимон и сода бикарбона ќе направи вашиот нерѓосувачки челик да свети.

 

 

14. Отстранување на дамки од бобинки

 

14

 

Кога подготвувате нешто со свежи бобинки, најверојатно ќе ги обоите вашите раце. Сокот од лимон ќе ви помогне да се отстрани бојата од вашата кожа. Отстранување на дамки од бобинки од облеката е исто така лесно. Прво, се мие ткаенина во ладна вода, а потоа се потопува облеката во сок од лимон неколку минути.

 

 

15. Против инсекти

 

15

 

За да немате мравки во домот, ставете сок од лимон по рабовите на прозорците и вратите, а за да се ослободите од комарци ставете каранфилчиња во половинка од лимон.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: