Занимливости
15 одлични идеи за повеќенаменска употреба на секојдневните предмети
Сте пробале да ги исчистите фаровите на колата со четка за заби? Верувајте дека функционира подобро од било кој специјален чистач што може да го купите во продавница! Некои предмети може да бидат повеќенаменски и да ви го олеснат секојдневниот живот.
- Чевлите можете многу лесно да ги заштитите во капа за туширање
- Со помош на магнет ќе ги зачувате малите, метални предмети на едно место
- Многу полесно ќе ја отворите теглата со помош на лажица
- Помеѓу износените алишта кои треба да ги спакувате во куферот, ставете сапун за да се ослободите од непријатната миризба
- За полесно да го најдете крајот на лепливата трака, ставете спојувалка на неа
- Празната кутија за јајца може да биде супер подарок за божиќ во која може да ставите, на пример, лампиони
- За успешен француски маникир, користете трака или лепак
- Употребете го држачот за листови и документи како сад во кој ќе ги чувате конзервите и ќе заштедите доста простор во кујната
- Искористете ја алуминимуската фолија за наострување на ножиците
- Исчистете ги фаровите на колата со четка за заби
- Залепете ги држачите за пешкири на ѕидот и направете држач за таблет
- Исечете ги врвовите на ќесето за пакување и искористете ги за да го заврзете повторно
- Рендето е одлична алтернатива за чување на обетките
- Употребете ја турпијата за нокти за да ги исчистите чевлите
- Употребете алуминиуска фолија за да ја заштитите кваката при фарбање на вратата или да ги исчистите маснотиите од садовите