Занимливости
19 видови храна кои се природен афродизијак

Дали одредени видови храна може да влијаат врз вашето либидо и да ви ја зголемат сексуалната желба? Според истражувањата, некои видови храна може да го зголемат протокот на крв во гениталиите, а со тоа да ви помогнат полесно да се опуштите и возбудите. Како резултат на тоа, може да ви се зголеми температурата на телото, возбудата, сексуалната енргија и да ви се подобри расположението. Затоа, што чекате – веднаш припремете го вашето викенд мени со некои од следните состојки и уживајте!

 

 

1. Остриги 

 

01

 

Еден од најголемите афродизијаци – остригите се богати со цинк, а за нив општопознато е дека се одлични за љубовта и плодноста. Истражувачите неодамна открија дека остригите содржат аминокиселини кои го поттикнуваат производството на полови хормони.

 

2. Чили пиперки

 

02

 

Овој стимулирачки зачин има и егзотична репутација, а и светло црвена боја, која може да биде причината поради која чили пиперката се смета за афродизијак и симбол на љубовта. Меѓутоа, позади овие тврдења исто така постои научна основа. При консумирање на чили пиперки се ослободува ендорфин (хормонот за благосостојба во мозокот), се забрзува работата на срцето и се загрева телото, што се првите знаци на возбудувањето.

 

3. Авокадо

 

03

 

Авокадото е богато со витамин Е што е клучен елемент во одржувањето на „младешкиот полет“ и на нивото на енергија, што може да помогне при зголемување на „љубовната искра“.

 

4. Чоколадо

 

04

 

Чоколадото е сензуална состојка, од неговиот вкус, до неговата арома, меѓутоа темно чоколадо, исто така, се покажало дека предизвикува зголемување на допамин – хормонот кој предизвикува чувство на задоволство.

 

5. Банани

 

05

 

Бананите содржат ензими кои го активираат производството на тестостерон, а самото количество калиум и витамин Б кои се наоѓаат во ова овошје, го зголемуваат нивото на енергија.

 

6. Мед

 

06

 

Медот е направен преку опрашување и претставува симбол на создавањето. Всушност, зборот „меден месец” го добило името од медовина, алкохолен пијалок направен од мед што им се дава на среќните невеста и младоженец. Медот исто така содржи бор – хемиски елемент кој помага при регулирање на нивото на естрогенот и тестостеронот и кој поттикнува зголемување на енергијата.

 

7. Кафе

 

07

 

Кофеинот во кафето е стимулант што го забрзува отчукувањето на срцето и ја зголемува циркулацијата на крвта. Според една студија спроведена со женски стаорци и нивното однесување, кафето може да влијае во зголемувањето на сексуалната желба кај жените.

 

8. Лубеница

 

08

 

Вашето омилено летно овошје, според научните истражувања има природен вијагра-ефект на телото, ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

 

9. Аргула

 

аргула

 

Ова пипересто растение се документира како афродизијак од првиот век пред н.е. Минералите и антиоксидансите кои се наоѓаат во темно лиснатиот зеленчук како аргула, е докажано дека ги блокираат загадувањата од животната средина кои можат негативно да влијаат на либидото.

 

10. Маслиново масло

 

маслиново масло

 

Преполни со антиоксиданси, маслинките и нивното масло се користи со векови за здравјето. Грците веруваат дека тие го прават мажот повеќе буден. Маслиновото масло е добар извор на мононезаситени и полинезаситени масти, кои се од суштинско значење за здраво срце, протокот на крв и хормони.

 

11. Смокви

 

смокви

 

Користени од Адам и Ева во Едемската градина, смоквите парадоксално симболизираат и сексуалност (зрел плод со семе претставува плодност) и скромност (смоквиниот лист). Тие се полни со калиум и се антиоксидансен центар.

 

12. Јагоди

 

јагоди

 

Хранете се со јагоди меѓусебно. Одличен здрав десерт богат со витамин Ц кој помага при течењето на крв во сите региони на телото.

 

13. Артичоки

 

артичоки

 

Репутацијата како афродизијак на овој зеленчук доаѓа главно од легендата и интимноста на јадење со некој друг, одлепувањео на листовите за да се стигне до центарот. Овој зеленчук е преполн со витамини и антиоксиданси, кои се од клучно значење за правилно функционирање на телото и протокот на крв.

 

14. Индиски чај

 

индиски чај

 

Прескокнете го кафето по вечерата и посегнете по чаша индиски чај. Типичните зачини во овој чај како што се ѓумбир, каранфилче и цимет го убрзуваат протокот на крв, но ефектот од кофеинот е помал така што ќе можете лесно за заспиете после вашиот оброк.

 

15. Калинка

 

калинка

 

Овие светли камења затворени во дебела лушпа се полни со антиоксиданси кои го поддржуваат протокот на крв. Една студија покажала дека сокот од калинка има позитивен ефект врз еректилната дисфункција.

 

16. Цреши

 

цреши

 

Ова супер овошје е преполно со добри витамини (А, Ц и Е) од кои се чувствувате добро, калиум, магнезиум, фолна киселина, железо, и многу повеќе. Исто така, има мелатонин антиоксиданс кој помага во регулирањето на вашето срце.

 

17. Семки од тиква

 

семки од тиква

 

Семките од тиква се богати со магнезиум – 156 mg во само една унца! Магнезиумот помага да се подигне нивото на тестостерон.

 

18. Шлаг

 

шлаг

 

Вкусен, а лесен како воздух, едноставно десертот не е целосен без овој богат прелив. Иако нема докази дека шлагот ќе го зголеми либидото, тој сигурно ќе ви го направи расположението.

 

19. Борови ореви

 

борови ореви

 

Високи со цинк, кој е поврзан со здрав сексуален нагон, боровите ореви, исто така, се сметаат за афродизијаци поради напорот потребен за набавка на овие мрсна камења од борови шишарки. Направете песто со борови ореви, босилек и маслиново масло, која лекарите велат дека, исто така, им помага на перформансите, таму долу.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: