Занимливости
Летна детоксикација на организмот

Во летните денови сакаме да се чувствуваме лесно, удобно и свежо, па затоа на нашиот организам му треба детоксикација. Терминот детоксикација означува прочистување на организмот од вишокот токсини што се создале во нашето тело. Главните причинители се загадувањето на животната средина, секојдневниот стрес, лекови, алкохол и нездрава храна. Постојат разни видови „детокс храна“ која освен што го прочистува нашиот организам, има и антиоксидантско дејство и е одличен еликсир за долг живот.

 

01

 

Еве 10 состојки што ќе ви помогнат да го прочистите организмот. Самостојни или во комбинација меѓу себе, овие состојки се одлични за здравјето и благосостојбата.

 

Водата е можеби најважниот сојузник во прочистувањето од токсините.

 

–  Листест зеленчук – изобилството на хлорофил во дигестивниот тракт помага полесно да се искоренат токсините. Подготвувајте го почесто во големи количини.

 

Артичока: богата е со железо, калциум, калиум, магнезиум и фосфор и содржи ензими што се одлични за детоксикација и што имаат хепатопротективно дејство. Одлична е и за кожа склона на несовршености и против целулит.

 

Лимон: богат е со витамин Ц и одличен е за желудникот. Лимонот е еден од најпопуларните лекови од нашите баби за детоксикација на организмот. Уште одамна водата со лимон наутро е одличен трик за отстранување на вишокот масти.

 

Лук: помага за елиминирање на слободните радикали и за правилното функционирање и здравјето на црниот дроб.

 

Кромид: суров или готвен, кромидот е полн со витамин Ц и е идеален против подуеноста предизвикана од задршка на течности. Комбинирајте го секојдневно во омилената шопска салата или како додаток во други јадења во фазата на детоксикација.

 

Зелен чај:  пиењето на зелен чај помага да се зголеми диурезата, а со тоа и полесно да се отстранат различни отрови преку урината. Но внимавајте, најдобро е да се пие барем 3 пати на ден во фазата на детоксикација и строго без шеќер. Ќе успеете?

 

Цвекло: растителните влакна што ги содржи овој зеленчук го олеснуваат производството на антиоксидантски ензими во црниот дроб.

 

Ленено семе: содржи многу растителни влакна и помага при болести на гастроинтестиналниот тракт.

 

– Јаболко: сокот од јаболко има голем ефект за прочистување. Ова овошје помага да се елиминираат токсините во дигестивниот тракт и ја олеснуваат работата на црниот дроб.

 

Важно е да се напомене дека за да правилно го прочистите органимот, препорачливо е да се избегнува храна која содржи суво овошје, квасец и сирење, а да не зборуваме дека алкохолот и кафето се буквално забранети во фазата на детоксикација.
Следниот пат кога ќе одите да пазарите, во корпата ставете една или повеќе од состојките што ги споменавме, започнете го утрото со пиење на една чаша вода и сок од лимон и видете како влијае сето тоа врз вашиот организам.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: