Остеопорозата се јавува најчесто по педесетата година од животот како последица на намалувањето на коскената маса, при што коските стануваат кршливи и подложни на фрактури.
Причинители за остеопороза
Жените во просек се поподложни на ова заболување, а покрај менопаузата, важни причинители за настанувањето на остеопорозата се ситните коски, премалата телесна тежина и физичката неактивност.
Претераното консумирање алкохол, кафе, газирани пијалаци, лоша исхрана и пушење цигари исто така го зголемуваат ризикот од заболувањето и се главни причинители за недостаток на калциум.
Природни начини за зајакнување на коските
За среќа, освен класична терапија, постојат и природни начини за зајакнување на коските.
Со промена на исхраната, коските може да се зајакнат или барем да се забави нивното слабеење.
- Јаболков оцет
Одамна е познато дека јаболковиот оцет е народен лек за остеопороза. Се верува дека ја зголемува киселоста во желудникот, па калциумот подобро се апсорбира.
Пред оброкот, испијте една лажица јаболков оцет, измешан во чаша топла вода.
- Чај од копар и магдонос
Измијте по 200 грама магдонос и копар и прелијте ги со 1/2 литар врела, зовриена вода. Покријте со крпа и оставете да отстои 3 часа на темно место, па потоа процедете ја течноста.
Оваа количина поделете ја во 3 дози и испијте ја за еден ден. Чајот пијте го со цевка бидејќи високиот процент на калиум може да ја оштети глеѓта на забите.
- Супа од кромид
Изрендајте 2 големи главици кромид. Пржете го кромидот на масло додека добие златножолта боја. Прелијте го со 1 литар зовриена вода и варете 15 минути на силен оган.
Оставете да отстои половина час, процедете и поделете на 3 еднакви порции. Едната порција испијте ја истиот ден, а преостанатите во следните 2 дена. Чувајте ја супата во фрижидер и загрејте ја пред консумирање.
- Физичка активност
Вежбањето е најважно во превенција и лечење на остеопороза, бидејќи физичката активност, во комбинација со доволен внес на калциум преку храната, природно влијае врз формирањето на коските.