Занимливости
25 интересни факти за храна

1. Ortharexia Nervosa е пореметување кое ја прави жртвата опседната со здрава храна.
2. Кечапот бил продаван како лек во 1830тите.
3. Со една кафена лажичка шеќер голтната на суво може да го запрете икањето.
4. Во Кентаки, САД, нелегално е да носите корнет во задниот џеб.
5. Стравот од готвење е познат како Mageirocophobia.
6. Кесичките за чај се измислени во 1908 година, од старана на Томас Суливан во Њујорк.
7. Arachibutyrophobia е стравот од залепен путер од кикиритки на покривот на усната шуплина.
8. Во Јужна Африка, термити и мравки се печат и се јадат во грст, како пуканки или сончоглед.
9. Со секоја лижната поштенска марка внесувате по 0.1 калории.
10. Оцетната киселина може да стопи бисер.
11. Пчелите треба да посетат 2 милиони цветови за да направат пола килограм мед.
12. Стравот од овошје е наречен Lachanophobia.
13. Бадемите припаѓаат во семејството на праски.
14. Ако сварите цвекло во вода и со водата си го масирате скалпот секој вечер, ова е ефективен лек против првут.
15. Античките грци, џвакале нешто слично на денешните гуми за џвакање наречено мастик, кое се правело од кора на дрво.
16. Огледувањето на грозје е најголемата индустрија за храна, со повеќе од 60 видови и 8000 сорти на грозје.
17. Во светот постојат повеќе од 7000 сорти јаболка.
18. Јаболката, крушите, црешите и јагодите припаѓаат на фамилијата рози.
19. Зборот „зеленчук“ нема конкретна научна дефиниција, затоа е прифатливо доматите да ги нарекуваме зеленчук.
20. На Филипините постои верување дека ако кокосов орев се скрши во мазна линија носи среќа.
21. Рекордот за најмногу изедени зрна грозје за 3 минути го држи британецот Мет Хенд, со изедени 133 зрна.
22. Постојат околу 10,000 варијации на доматот.
23. Во 2001, во Британија биле регистирани околу 300 инциденти со банани, најмногу од луѓе кои се лизнале на кора од банана.
24. Морковите не содржат ниту 1% масти.
25. Од кикирики може да се направи експлозив.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: