Во Франција, тестираната мудрост за храна, здравје и задоволство никогаш нема да се замени со современите трендови, кои што не функционираат. Не е ни чудо што процентот на луѓе кои страдаат од дебелина во Франција изнесува половина од процентот во САД, Австралија или Нов Зеланд и покрај тоа што националната исхрана е наводно штетна!
Добрата вест? Не треба да живеете во Франција за да ја практикувате француската уметност на живеење. Задоволство во оброците, позитивна и балансирана исхрана е францускиот став кон храната со кој може успешно да ја одржите вашата линија. Непреработената храна, вистинските традиции и начин на живот се тајната формула. Едноставно следете ги овие 29 правила:
1. Престанете со лишување на себеси од нешто што го сакате.
Најважното правило да останете слаби како Французите? Никогаш не се лишете од нешто што сакате да го јадете.
2. Почитувајте ја храната.
Тоа е уметност.
3. Јадете седнати на маса, секогаш.
Не јадете во движење. Никогаш.
4. Забавете со јадење.
Спуштете ја вашата виљушка на масата помеѓу секој залак. Да, направете го тоа.
5. Јадете локална, свежа и непреработена храна.
Колку што можете.
6. Балансирајте ги вашите оброци.
Уживањето е важно, но ако сметате дека сте претерале во еден оброк, избалансирајте го со тоа што наредниот оброк ќе биде полесен.
7. Избирајте најдобро.
Сè е во квалитетот, не квантитетот. Секогаш.
8. Јадете три оброци на ден.
Не два, не шест. Три.
9. Поставете и почитувајте ги периодите за јадење.
Ќе бидете гладни за вашите оброци и, всушност, ќе уживате во секој од нив, ако немате мали ужинки помеѓу нив.
10. Додајте салата како прилог.
Јадете зелена салата во секој оброк или најмалку еднаш на ден; тоа е најдобар и најлесен начин да се јадат повеќе растенија.
11. Подготвувајте ги вашите оброци со љубов.
Гордејте се со она што сте го подготвиле за да го храните вашето тело.
12. Никогаш не гответе кога сте под стрес или лути.
Ќе ги вкусите негативните емоции во вашата храна, а тие нема да направат ништо добро за вашето тело.
13. Џвакајте, џвакајте, џвакајте и повторно џвакајте.
Вашиот стомак нема заби.
14. Направете храната да биде вашиот пријател.
Храната не е непријател: нема вина во јадење, само задоволство, радост и убавина.
15. Направете го убаво.
Свежината, квалитетот, зачинот, вкусот, текстурата, визуелната варијација, бојата и презентацијата придонесуваат за вашето задоволство.
16. Бидете присутни.
Не јадете како роботи или само затоа што треба да се јаде, грицкајќи било што. Бидете свесни за она што го ставате во вашиот организам и ценете го секој залак.
17. Споделувајте и уживајте во вашиот оброк.
Храната е љубов, затоа споделувајте ги вашите оброци со семејството и пријателите кога можете.
18. Јадете десерт секој ден.
Не премногу, но тоа е важно за да ги задоволите потребите за слатко. Одлучете се за најдобрите состојки за максимално задоволство и никогаш нема да се чувствувате лишени.
19. Јадете јаглехидрати.
Но, само добрите (цели зрна, овес, грав, зеленчук, ореви) за да го спречите прекумерното јадење и да ја зголемите вашата енергија.
20. Јадете масти за да ослабете.
Органското ладно цедено маслиново масло, органскиот путер и маслото од кокос помагаат за забрзување на вашиот метаболизам.
21. Грицкајте само ако сте гладни
Не само затоа што ви е здодевно, затоа што сте под стрес или видовте на телевизија реклама за чоколадо. Ако сте гладни, јадете ужинка, но почесто јадете мали и здрави ужинки.
22. Јадете сирење секој ден.
Сировото млечно сирење е богато со калциум, протеини и корисни масти.
23. Грижете се за дигестивниот систем.
Добрите бактерии од ферментираната храна (јогурт, квас, кисел зеленчук) се од клучно значење за вашето здравје.
24. Пазарувајте сезонски производи.
Купувајте производи од локалниот пазар за да додадете разновидност и свежина во вашата исхрана.
25. Пијте доволно вода.
Да се хидрирате е од суштинско значење за оптимално здравје. Кога пиете доволно вода, ќе се чувствувате одлично, вашата кожа ќе свети и вашиот организам ќе ја вари храната подобро.
26. Избегнувајте ги засладените пијалаци.
Енергетските и газираните пијалаци се токсични. За време на оброкот, пијте филтрирана вода или чаша (два) квалитетно црвено вино.
27. Пешачете.
Французите многу се движат, повеќе од 10.000 чекори дневно. Излезете надвор и раздвижете се секогаш кога можете.
28. Исфрлете го од исхраната секој продукт на кој пишува „нискомаслен“.
Таа етикета често се преведува со „полн со хемикалии и преработени состојки“. Изберете природни масти секој ден покрај оние нискомаслени производи.
29. Природно забавете го процесот на стареење.
Многу бобинки, листест зеленчук и неколку парчиња темно чоколадо секој ден ќе ги надминат најскапите креми против стареење.