1. Користете забен конец без вкус за совршено да го исечете тестото на две половини.
2. За да го избегнете нередот од миксерот додека матите, закачете хартиена чинија.
Се останува во чинијата 🙂
3. Искористете го овој трик за да исечете совршен круг од хартија за печење
Земете парче правоаголна хартија за печење кое е малку поголемо од вашата тава.
Правоаголникот свиткајте го на половина, а потоа повторно повторно на половина. Ќе добиете грубо свиткан квадрат од хартија.
Свиткајте го квадратот во триаголник (донесете го едниот свиткан крај кон другиот свиткан крај)
Продолжете да го виткате триаголникот на пола за да добиете помал триаголник.
Кога нема да можете повеќе да виткате, врвот на триаголникот ставете го врз центарот на вашата тава и измерете до каде треба да исечете.
Одвиткајте ја хартијата и спремни сте за печење.
4. Ако немате фил за мафините, одозгора ставете манчмалоу и ставете ги да се печат на 180 степени 6 минути.
5. Кафениот шеќер е премногу тврд? Искористете го овој трик да го омекнете!
Покријте го со мокра крпа, ставете го во микробранова печка 20 секунди и е добар како нов.