Занимливости
5 секојдневни навики поради кои добиваме на тежина

Многу одамна не јадете брза храна, избегнувате слатки и редовно вежбате, но изгледа дека сте накачиле неколку вишок килограми.

 

Малкумина претпоставуваат дека обичните утрински ритуали можат да ја попречат вашата намера во губењето килограми.

 

Време е да се откажете од следните пет навики:

 

1. Предолго спиете

 

25522215-sleeping-1353562_1280-1485262863-650-8d19e6c297-1485953237-1

 

Ако спиете прекратко, вашето тело ќе лачи повеќе стрес хормони – кортизол, што ќе доведе до зголемување на апетитот. Сепак, ни премногу спиење не е добро. Според една студија ако спиете повеќе од 10 часа, индексот на маснотии во вашето тело значително ќе се зголеми. Не е чудо што лекарите препорачуваат 7 до 9 часа спиење.

 

2. Се подготвувате во мракот

 

25521965-pexels-photo-1485263409-650-53444ab7d5-1485953237

 

Не ги отворате прозорците и не ги кревате ролетните кога ќе се разбудите? Ова е втора причина за тежинскиот проблем. Светлината и сончевите зраци значително влијаат на метаболизмот и помагаат на вашето тело да се разбуди, според едно истражување. Во темнината, телото продолжува да се однесува како да е во пасивна состојба.

 

3. Не го местите креветот

 

25521465-pexels-photo-129062-1484912322-650-2d2eef4908-1485953237

 

Звучи лудо, но тоа е вистина. Американската национална фондација за спиење покажа дека луѓето кои во утринските часови го местат креветот, а невечер го разместуват имаат поквалитетен сон. Имено, ова е уште еден психолошки ефект кој има значаен ефект врз телото.

 

4. Бегате од вагата

 

25521715-bridget_jones_diary_still_0-1484912309-650-b72b5cc84f-1485953237

 

Универзитетот во Корнел покажа дека е подобро да ја следите вашата тежина редовно. Најдобро време за мерење на килограмите е наутро по будењето, пред јадење и пиење. Бидејќи телото губи вишок вода во текот на ноќта, утринската тежина е најточна.

 

5. Не појадувате редовно

 

25521615-food-breakfast-egg-milk-1484912397-650-b4d113f3f6-1485953237

 

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Балансираниот утрински оброк треба да содржи околу 600 калории, протеини, јаглени хидрати и мал десерт.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: