Занимливости
5 задолжителни вегански намирници

Да се биде веган значи отфрлање на секаков вид животински производ во секојдневната исхрана. Станува збор не само за исхрана без консумирање на месо и риба, туку исто така и отфрлање на млеко и јајца на дневното мени. Основата на веганската исхрана се житарици, овошје и зеленчук, но постојат други вкусни и здрави намирници кои задолжително се наоѓаат на трпезата на еден веган.

 

Тофу

 

Растително сирење изработено од соино млеко. Содржи висок процент на протеини и се карактеризира со неутрален вкус при што совршено се комбинира во богат-веге сендвич.

 

Киноа

 

Спаѓа во фамилијата на спанаќ, иако многумина ја сметаат за житарка и би ја класифицирале во зрнесто-житните култури. Киноата е богата е со растителни влакна и минерали и не содржи глутен.

 

Сејтан

 

Претставува глутенска намирница богата со протеини. Содржи висок процент на глутен кој ја надоместува во целост потребата за месо.

 

Темпех

 

Се нарекува и „растително месо“ и во составот содржи соја, растителни влакна и протеини.

 

Мопур

 

Уште една веге-намирница која ја надоместува потребата за месо поради содржината на глутен.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: