Занимливости
6 начини да се ослободите од затнатиот нос

Сите што барем еднаш им бил затнат носот, ќе се согласат дека што поскоро сакаат да се ослободат од тоа чувство.

 

Неспособноста за назално дишење создава непријатности. Како резултат на тоа, дишеме низ устата што доведува до суво грло и кашлица. Исто така недостатокот на кислород предизвикува главоболки, лошо расположение и раздразливост.

 

Повторното нормално дишење е важен чекор во лекувањето на настинки и можете да го направите во вашиот дом. Следејќи ги следните упатства, може да го направите тоа во рок од еден ден.

 

1. Измасирајте ја точката помеѓу веѓите

 

01

 

Бавно и цврсто масирајте ја оваа точка една минута. Оваа масажа влијае на слузокожата на носот:

 

–  Ги спречува воспалението и сушењето на носната слузница

–  Делува превентивно

–  Го намалува притисокот во фронталните (челни) синуси.

 

 

 

2. Притискајте со прстите на пределот кај носот

 

01

 

Нежно со кружни движења притискајте ја областа на носот со показалецот и средниот прст 1-2 минути. На овој начин ќе ги ослободите носните патишта и полесно ќе го издувате носот.

 

3. Масирајте ја точката помеѓу горната усна и носот

 

01

 

Со лесни движења масирајте го пределот помеѓу носот и горната усна околу 2-3 минути. Оваа масажа може да помогне да се намали отокот во носот.

 

4. Употребувајте навлажнувач на воздух

 

01

 

Кога влажноста на воздухот е под 40%, носната слузница се суши и го попречува слободното дишење. Ако имате доста секрет, а влажноста на воздухот е ниска, може да дојде до развој на бактерии. Оптималните вредности на влажност на воздухот се движат од 40% до 60%.

 

5. Загрејте го носот

 

01

 

Земете топла крпа (може да ја загреете во микробранова печка или да ја натопите во топла вода, а потоа да ја исцедите). Облогата не треба да биде жешка, туку пријатна. Топлината ќе го направи секретот потечен. Потоа издувајте го носот или испирајте го со физиолошки раствор (спреј за нос).

 

6. Ако кивате поради алергиски реакции, спортувајте повеќе

 

01

 

Кога чукањето на срцето се забрзува, телото се загрева и полесно е да се издува носот. 15 минути физичка активност е сосема доволно за да се ослободите од кивавица предизвикана од алергии (доколку избегнувате алергени).

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: