Јапонките се сметаат за едни од најубавите и најелегантните жени во светот. На 30 тие изгледаат како да се 18, на 40 како да имаат 25 и тие живеат најдолго.
Прочитајте за тајните на јапонската исхрана и начинот на живот, бидејќи се имаат покажано како доста корисни.
Богата и балансирана диета
Честа заблуда е дека јапонците јадат само суши – нивната исхрана е, всушност многу разновидна. Тие преферираат риба, морски алги, зеленчук, соја, ориз, овошје и зелен чај. Јапонската диета е хармонична и урамнотежена и речиси воопшто не е високо-калорична и брза.
Свежината и релевантноста на сезоната се од големо значење, тие обично ги јадат оние производи кои зреат во тоа време. Преферираат дури и сезонска риба. Времето е уште еден клучен фактор: во зима, јапонците традиционално јадат месо, риба, топли пијалаци и супи, а во топлината на летото тие преферираат ладни супи, морска храна, ладен рамен и салати.
Метод на готвење
Јапонците традиционално ја готват храна со варење, печење, на пареа или ја пржат во посебна тава со минимално масло. Зеленчукот е исечен така што ќе изгледа убаво и ќе се зготви побрзо. Предноста на овие методи е дека храната задржува голем дел од своите хранливи својства.
Зеленчуковата супа е популарна база за многу јадења. Јапонките се многу внимателни со зачини, се обидуваат да се задржат на лесна храна од која нема да имаат мачнини во стомакот, црниот дроб и бубрезите. Главното обележје на јапонската кујна е во истакнувањето на природната убавина, боја и вкус.
Културата на јадењето
Јадењето е исто така ритуал во Јапонија. Тие јадат полека, со мали парчиња и оброци и чиниите се мали. Настојуваат да се задржи природниот вкус и изглед на храната и затоа ретко ја декорираат. Различни јадења на истата чинија се лош тон, секоја храна треба да има свое место. Чинијата никогаш не е целосно полна. Мора да се согласиме дека е невозможно да се прејадуваат на овој начин.
Јадат ориз наместо леб
Како кај нас лебот, така кај јапонците оризот е суштинскиот дел од секој оброк, а обично се подготвува варен без сол и масло. Консумирањето немасна храна им помага да ја задржат нивната тенка фигура.
Не го прескокнуваат појадокот
Појадокот е најзначајниот оброк во денот во Јапонија. Тоа е нивниот главен оброк кој вклучува неколку чинии – вообичаено риба, ориз, омлет, супа, соја со зеленчук, алги и чај.
Не јадат благо за десерт
Десертот за јапонците е ретка прилика и обично кога се јаде се консумира во мали количини. Јапонците имаат многу различни очекувања на благо од нас – кај нив не постојат колачи или кремови. Тие дури имаат сладолед направен од ориз (mochi). Јапонски десерти се генерално немасни, со низок шеќер, а според нашите десерти и навики, веројатно и не би ви се допаднале. Сепак, тие нема да остават ништо на вас и нема да направат проблем со прекумерна тежина. тие