Занимливости
7 мистериозни крими-загатки што само вистинскиот детектив ќе ги реши

Сите ние сме добро запознаени со IQ тестовите кои го рангираат нивото на интелигенција откако ќе одговорите на 40 стандардизирани прашања. Но, постојат повеќе начини за да дознаете што може да направи вашиот внатрешен гениј.

 

Направете „мозочна гимнастика“ и тестирајте ги детективските вештини со овие загатки. Одговорите ќе ги најдете на крај од текстот.

 

 

Загатка бр. 1 Бегање од затвор

 

05 (2) 

 

Матеј е сместен во ќелија со небетониран под и со само еден прозорец, позициониран толку високо, така што никој да не може да го достигне. Во затворската ќелија нема ништо, освен една лопата. Таму е суво и топло, но проблемот е што Матеј нема да добие храна или пијалок во скоро време. Тој има само 2 дена да излезе од затворот. Ако не – ќе умре.

 

Копањето тунел не е опција, бидејќи ќе потрае повеќе од 2 дена. Како треба Матеј да избега од ќелијата?

 

Загатка бр. 2 Украдено ланче

 

05 (2)

 

Г-ѓа Марија се упатила кон полиција тврдејќи дека нејзиниот стар скапоцен ѓердан недостасува. Кога пристигнала полицијата, не забележале знаци на провалување. Само еден прозорец бил скршен. Владеел целосен хаос во внатрешноста на куќата и имало валкани стапалки низ целиот кат.

 

Следниот ден, г-ѓа Марија била уапсена за измама. Зошто?

 

Загатка бр. 3 Убиство во училиште

 

05 (2)

 

На првиот ден од учебната година, наставникот по географија бил убиен. Полицијата имала 4 осомничени: градинар, учител по математика, тренер и директорот на училиштето. Сите имале алиби:

-Градинарот сечел грмушки.

-Учителот по математика одржувал полугодишен тест.

-Тренерот играл кошарка.

-Директорот бил во неговата канцеларија.

 

Убиецот беше уапсен веднаш. Кој го уби наставникот по географија и како полицијата ја реши мистеријата?

 

Загатка бр. 4 Самиот човек

 

15877410-9570460-47-0-1504608142-1504608144-650-1-1504608144-650-04f9ebaa03-1504708917

 

Еден осамен старец живеел во неговата куќа во предградие на еден град. Тој никогаш не ја напуштал куќата долго. Било петок, средина на лето кога поштарот дошол и го викнал човекот. Немало одговор. Поштарот погледнал низ прозорецот и го видел старецот како лежи во крв. Кога пристигнал полицаецот, го нашол весникот од вторникот, 2 шишиња топло млеко и 1 шише ладно млеко. Следниот ден убиецот бил уапсен. Како полицијата открила кој е толку брзо?

 

Загатка бр. 5 2 апчиња

 

15877460-nssz5-0-1503635929-1503635942-650-04f9ebaa03-1504708917

 

Сериски убиец киднапирал луѓе и ги натерал да земат 1 од 2 апчиња: едното апче било безопасно, а другото било отровно.  Било кое апче да го испие жртвата, убиецот го пиел другото. Жртвата го земала апчето со вода и умрела. Убиецот преживеал.Како убиецот секогаш го добивал безопасното апче?

 

Загатка бр. 6 Замрзнати прозори

 

15877510-7358410-nsszrdy6-0-1503635974-1503635984-2000-1-1503635984-650-04f9ebaa03-1504708917

 

Еден зимскиот ден Јован го нашол својот пријател мртов во својата куќа. Ја повикал полицијата и рекол дека само поминувал од куќата на Џек и одлучил да влезе. Долго време тропал и ѕвонел, но сè било тивко. Сепак, тој можел да ја види светлината во собата преку замрзнатиот прозорец. Дишел на замрзнатото стакло и го видел Џек на подот. Полицијата го уапсила Јован како главен осомничен. Зошто?

 

Загатка бр. 7 Хемиски супстанции

 

15877560-9570610-48-0-1504608316-1504608319-650-1-1504608319-650-04f9ebaa03-1504708917

 

Познат хемичар бил убиен во својата лабораторија. Немало докази, освен парче хартија со имиња на хемиски супстанции на неа. На денот кога бил убиен, хемичарот имал само 3 посетители: неговата сопруга, Марија, неговиот внук Николас и неговиот пријател Џонатан. Полицијата го уапсила убиецот веднаш. Како знаеле кој е?

 

Одговори

 

Загатка бр. 1

 

Матеј треба да ја искористи лопатата за да направи куп од калта и песокот под прозорецот, да се качи на него и да избега од својата ќелија.

 

Загатка бр. 2

 

Полицијата била сигурна дека г-ѓа Марија ги лаже, бидејќи прозорецот бил скршен одвнатре. Ако е скршен однадвор, мали парчиња стакло ќе бидат на подот во собата.

 

Загатка бр. 3

 

Убиецот бил учителот по математика. Според неговите зборови, тој одржувал полугодишен тест, но злосторството се случило на првиот ден од учебната година.

 

Загатка бр. 4

 

Очигледно бил поштарот. Тој знаел дека никој во куќата нема да чита весник во среда или четврток.

 

Загатка бр. 5

 

И двете апчиња биле безопасни. Отровот бил во чашата вода која пиела жртвата.

 

Загатка бр. 6

 

Јован не би можел да го одмрзне стаклото од прозорецот, бидејќи вообичаено е замрзнато од внатре.

 

Загатка бр. 7

 

На парчето хартија имало трага. Ако ги искомбинирате кратките имиња на хемиските супстанции на хартијата, ќе добиете име: Ni-C-O-La-S.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: