Занимливости
7 правила за долговечност

Во хаотичното и брзо секојдневие, кога одвај успеваме да ги завршиме навремено сите обврски, ретко кој од нас има време да мисли на сопственото здравје. Меѓутоа, доволно е да се придржувате на овие 7 едноставни правила за да се чувствувате добро и полетно.

 

1. Хранете се здраво

 

Исхраната треба да биде богата со овошје, зеленчук, житарици. Мешунките содржат малку масти, а рибите содржат омега 3 масни киселини и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

 

2. Спијте минимум 7-8 часа

 

Избалансираниот начин на живот пријатно делува на работата на срцето. Научниците тврдат дека луѓето што спијат само 5 часа дневно го зголемуваат ризикот од срцев удар за 30% за разлика од оние што спијат 8 часа дневно.

 

3. Помалку нервози

 

Стресот лошо влијае на работата на срцето, го забрзува пулсот, а ги зголемува холестеролот и крвниот притисок. Затоа управувајте со стресот – одредете ги своите приоритети, не трошете енергија на ситници, мислете позитивно, организирајте ги обврските и обидете се да најдете време за работите што ве опуштаат.

 

4. Редовно пијте вода богата со магнезиум

 

Магнезиумот помага во регулирање на ритмот на срцето и намалување на холестеролот во крвта. Овој минерал ги олеснува срцените тегоби, го стабилизира крвниот притисок, го регулира нивото на шеќерот во крвта, ја зајакнува физичката активност и ја регулира функцијата на цревата.

 

5. Консумирајте алкохол умерено

 

Се препорачува умерена консумација на алкохол, не повеќе од две пијалаци дневно. Се смета дека алкохолот во умерени количини доведува до зголемување на добриот холестерол, а прекумерното пиење алкохол е опасна по здравјето.

 

6. Мерете го притисокот, шеќерот и мастите

 

Високиот крвен притисок ги оштетува артериите, па така што кислородот и крвта тешко доаѓаат до срцето. Важно е барем еднаш во две години да го посетите вашиот лекар за да ви го измери крвниот притисок. Ако не се прегледувате, нема да знаете дали имате висок крвен притисок или холестерол.

 

7. Редовно вежбајте

 

За чување на здравјето потребни се 150 минути неделно вежбање, што е отприлика 20 минути дневно. Тие 150 минути вклучуваат умерени вежби како шетање или умерено трчање, како и лесни вежби во теретаната.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: