Занимливости
7 трикови за отстранување на дамките од дезодоранс

Дезодорансите се одлични препарати против потењето, но сепак, тие исто така може да бидат причинители на проблеми бидејќи оставаат траги на облеката.

 

Не избрзувајте маицата да ја фрлите или да ја однесете на хемиско чистење: за вас одвоивме 7 трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните дамките од вашата облека. И уште еден бонус е на самиот крај.

 

Важно: Пред да примените некој од овие методи на чистење на облеката, прво проверете на мал дел од ткаенината.

 

1. Сол

 

05 (2)

 

Овој метод помага да се отстранат старите дамки на ткаенината. Безбедно е и за бели и за обоени алишта.
Земете малку сол, навлажнете го со вода делот од ткаенината под пазувите и ставете сол. Оставете ја маицата 8-12 часа или преку ноќ. што е обоена, и расфрлајте ја солта на неа. Оставете го таму 8-12 часа или преку ноќ. Потоа уште еднаш навлажнете го делот и додајте малку повеќе сол. Нежно тријте ја ткаенината. По таков „пилинг”, ставете ја облеката во машината за перење и исперете ја маицата.

 

2. Оцет

 

05 (2)

 

Навлажете ја дамката со оцет и оставете ја ткаенината да отстои преку ноќ. Утредента измијте ја облеката како и вообичаено. Овој метод може да помогне за облека во боја, како и волна и други природни ткаенини.
Сепак, подобро е да не се нанесува оцет на бели алишта бидејќи може да станат жолтеникави.

 

 

3. Сјај за садови

 

4

 

Сјајот за миење садови може да отстрани многу тврдокорни дамки, вклучувајќи и траги од дезодоранс. Ставете малку сјај на дамката, протријте и оставете да делува 30 минути. Потоа исплакнете ја облеката.

 

4. Водка

 

3

 

Водката е навистина добра за отстранување на белузлави дамки од темна облека. За да ја отстраните дамката, ставете малку водка и почекајте неколку минути. Ефектот ќе се види речиси веднаш. Понекогаш вреди да се чува водка на ткаенината подолго време, но не повеќе од еден час. Завршете со миење на ткаенината.

 

5. Течен амонијак

 

2

 

Течниот амонијак е одличен за миење на многу извалкани алишта. За да ги отстраните белите дамки од дезодорансот, измешајте течен амонијак и вода во однос 50/50. Намокрете ја дамката со течноста и исплакнете темелно по неколку минути.

 

6. Сок од лимон

 

5

 

Со помош на сок од лимон можете да отстраните свежи антиперспирантни дамки. Стиснете неколку капки сок право на дамката. Оставете го да делува 5-10 минути, а потоа исплакнете ја облеката со малку топла вода.

 

7. Микс на водород пероксид, сода бикарбона и сјај за миење садови

 

1

 

За да отстраните тврдокорни дамки и лоши мириси, можете да го користите следното решение: 4 лажици водород пероксид, 1 лажичка сјај за миење садови и 2 лажици сода за печење. Ставете ја смесата врз дамката и оставете ја таму неколку часа. Потоа измијте ја ткаенината како и вообичаено.

 

Бонус: стари хулахопки

 

0

 

Дали некогаш сте носеле сосема нова облека и ја расипале веднаш со бели дамки? Добрата вест е дека можете да ги отстраните овие антиперспирантни дамки во еден момент. Сè што ви треба е синтетички чорап. Главен услов: треба да биде чист. Свиткајте го во мала топка и со неа тријте ја дамката. Дамката ќе исчезне како никогаш да не постоела.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: