
Има само малку работи кои се полоши во текот на летото отколку неочекуваниот убод од комарец на вашите раце и нозе. За среќа, постојат многу начини да се лекува вашето тело од досадното чешање, почнувајќи од овошје (парчиња лимон и лушпа од банана) до општи предмети за домаќинство (сода бикарбона и јаболков оцет).
Следниот пат кога ќе бидете каснати од комарец, пребарајте го вашиот фрижидер, кујната или кутијата со лекови за брз и лесен домашно направен лек кој не бара дополнително патување во аптека. Еден од овие домшни лекови сигурно ќе ви помогне и проблемите со иритацијата ќе исчезнат.
Парче лимон: Нанесете директно на местото на убодот.

Аспирин: Згмечете ги таблетите и додајте вода за да формирате паста против чешање, а потоа нанесете на убодот.

Јаболков оцет: Нанесете директно на местото на убодот

Паста за заби од пеперминт: Ставете малку од пастата и оставете да седи некое време.

Сол: Од кога ќе го намокрите местото со вода, протријте го со сол.

Лушпа од банана: Тријте го иритираното место со внатрешниот дел на лушпата на бананата.

Сода бикарбона: Исто како со аспирин, додајте малку вода за да направите паста, а потоа нанесте директно врз убодот.

Лаванда + масло од чајно дрво: Измешајте ги заедно етеричните масла и нанесете на иритираното место.
