Навидум овие кујнски алатки изгледаат бескорисно, но не е така: еднаш да ги испробате, ќе сакате да си набавите и вие едно од нив во кујната. Навистина може да ви ја олеснат работата!
1. Спирализер
Попознат уште и како алатка што сече спирално. Овој кујнски додаток е идеален и најпотрошуван од страна на љубителите на рецепти со свеж зеленчук и во последниве години е навистина популарен. Сличен е на огромна острилка, се употребува најчесто за сечење на моркови и тиквички, а претставува одлична алатка што ќе ги примами децата да јадат свеж зеленчук во необична и интересна форма.
2. Алатка за лупење и сечење на јаболки
По природа сме мрзливи и сакаме убави работи веќе направени. Затоа ако се пронаоѓате во тој тип на луѓе, ви ја препорачуваме оваа алатка што ги лупи и сече јаболките на брз начин, а исто така со помош на притискање го отстранува и јадрото. Овошјето се вметнува во ротирачка цевка која при ракување на машината, со помош на остра алатка ја лупи лушпата и го отстранува јадрото, сечејќи ја јаболката на тенки парчиња.
3. Суши базука
Кој сака да подготвува домашно суши сигурно знае за што станува збор! Оваа безопасна базука ќе ви помогне да ги подготвите совршените суши: кога ќе ја отворите, покријте ја со оризот и останатите додатоци. Потоа затворете и притиснете со рачката, па ќе го добиете посакуваниот ролат што треба да го обвиткате околу алгата и вашите суши се готови.
4. Алатка за сечење ананас
Ако и вие се откажувате од купување ананас само поради тоа што е комплициран за сечење, отсега не треба да се грижите. За многу кратко време и на лесен начин може да го исечете ананасот на совршени парчиња без никаков прекин. Навистина интересно!
5. Алатка за сечење лубеница
Дури и за лубеницата постои иновативна алатка. Се работи за метална алатка со две остри делови во форма на кука, совршена за практично, лесно и брзо сечење на месестиот дел на лубеницата во иста големина.
6. Алатка што одвојува жолчки од белки
Колку пати сте се обиделе да ги одвоите жолчките од белките, но на крај двете ви паднале во тавата и ви го уништиле рецептот. Оваа алатка е во вид на мала пумпа со ефект на вшмукување што ќе ги одвои жолчките од белките. Практичен, безболен и чист метод!
7. Алатка за лупење компири
Едноставна машина што се користи слично како алатката за мелење ореви. Се врти рачката и компирот се лупи и сече на тенки еднакви парчиња.
8. Мерач на шпагети
Колку пати ви се случило да сакате да подготвите шпагети за еден, а сте ставиле мерка како за целото семејство? Со шпагетите, а и со секој вид тестенини никогаш не се знае точната мерка ако мерите „од око“. Затоа, за да се поштедите од трошоците и фрлањето на тестенините, постои алатка која што ја мери количината на шпагети по човек. Има прстенеста форма, се отвора и затвора и се подесува бројот на порции од 1 до 4.