Занимливости
9 грешки што ги правиме при појадување

 

Познато ви звучи изреката: „Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“? 

Поговорките отсекогаш ја откриваат мудрата вистина, а оваа изрека особено појаснува колку количински е потребно да се храниме.

Појадокот е несомнено најважниот оброк во денот, но исто така и најпотценетиот.

Наутро, во поголемиот дел од случаите, секогаш се брзаме и ретко кога одвојуваме време да појадуваме, а кога станува збор за подготовка на нешто здраво – уште поретко.

Меѓутоа, забораваме дека на нашиот организам му е неопходна потребната енергија за да можеме да функционираме правилно во текот на денот.

 
Бисквити, житарици, благо, грицки, кафе: што не е во ред со изборот на појадок?

 

1. Не појадувате воопшто

 

Прескокувањето на појадокот е, за жал, многу честа навика. Без разлика дали поради недостаток на време или од други причини, оние кои ја прескокнуваат утринската енергија што ја добиваат преку оброкот, најчесто се нервозни и имаат силна желба да консумираат закуски и разни благи. Ова однесување доведува до забавување на метаболизмот, лошо варење и зголемување на телесната тежина.

 

 

2. Не пиете вода

 

Многупати сме слушнале и прочитале за важноста на водата за нашиот оргнизам, особено наутро, меѓутоа којзнае зошто се премалку луѓето што го следат овој драгоцен совет. Пиењето вода на празен стомак, неколку часа откако не сме се напиле воопшто, е најдобар начин за детокс на организмот од храната што сме ја консумирале претходната ноќ. Мала, но многу значајна навика!

 

3. Пиете само кафе

 

Ако пиењето вода на празен стомак е одличен чекор, со сигурност истото не може да се каже и за кафето. Дали наутро сте забележале чудно стегање на стомакот што не можете да си го објасните од што и како е предизвикано? Во 99% од случаите се работи за консумирање кафе на празен стомак, навика што ја имаат многумина од нас, несвесни за последиците. Кога пиете кафе без да јадете, постои ризик од иритација на дигестивниот тракт, акумулирање на гастрични сокови и со тоа развивање гастроезофагијален рефлукс. Дали навистина е толку тешко да се напиете кафе по појадокот?

 

01

 

4. Консумирате многу шеќери

 

Наутро, не сите, меѓутоа, дел од луѓето имаат навика да консумираат благо: мармалад со леб и млеко, чоколаден кроасан или кифла и благи колачи и крофни, заборавајќи дека оваа навика може да им наштети. Вишокот шеќер само привремено го намалува чувството на глад, а по кратко време повторно сме гладни. Подобро да го избегнувате шеќерот наутро, се сложувате?

 

5. Пиете овошни сокови и јогурт

 

Кој мисли дека со овошен сок или со јогурт може да го започне денот здраво, прави огромна грешка. Пастеризираните овошни сокови и јогурт содржат разни конзерванси и големо количество на шеќер, затоа е подобро наутро да пиете свежо цеден сок или смути и домашен јогурт.

 

6. Не консумирате растителни влакна

 

Друга работа што задолжително е потребна за појадок се оброците богати со растителни влакна. Свежо овошје и суво овошје, црно чоколадо и интегрални житарки се одличен избор за појадок.

 

7. Појадувате доцна наутро

 

Во ред е да спиете до доцна ако сте уморни, меѓутоа нема објаснување за доцниот појадок што уште неколку часа ќе стане и ручек. Нутриционистите тврдат дека најдобро е да јадете еден час откако ќе се разбудите бидејќи ако помине премногу време, голема е можноста дека ќе бидете прегладнети, ќе јадете многу и ќе го уништите ручекот. Тоа не значи дека треба да го наместите алармот во 7 наутро, но обидете се да појадувате барем еден час откако ќе се разбудите.

 

8. Јадете набрзина

 

За појадок, како и за ручек и вечера, брзото јадење никогаш не е добро. Посветувањето доволно време за првата фаза од денот е од голема важност, всушност 15 минути можат тотално да го променат целиот ден. Со повеќе време може полека да го разбудите умот, давајќи му време да го запомни и почувствува оброкот што го појадува. За појадок се потребни мир и релаксација!

 

9. Јадете еднолична храна

 

Монотоноста не е апсолутно позитивна, независно дали се работи за храна или за други работи – клучна е разновидноста. Јадењето на исти работи од една страна може да биде удобно, но од друга страна воопшто не е добро бидејќи нашиот организам има потреба од разновидна и избалансирана исхрана. Ослободете ја фантазијата, но исто така и вашите сетила за вкус!

 

Сега кога сте свесни за најчестите грешки што ги правиме при појадувањето, што е тоа што би го смениле на подобро?

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: