1.Сите ситуации се привремени
Ништо не трае засекогаш. Интелектуално ние го знаеме ова. Растенијата умираат. Зградите се рушат. Гумите се дишат. Топол чај или кафе се лади. Се е секогаш во транзиција.
2. Не постои грешна одлука
Кога веќе сте направиле листа на милион „за и против“ работи и ја фрлате паричката надевајќи се дека ќе знаете што е она што го сакате пред монетата да ја удри земјата, но повторно не знаете, можеби ќе треба да знаете дека не постои такво нешто како погрешна одлука. Животот е за учење, и растење, и да станеме некој што сме горди да бидеме. На кој му е гајле ако вашата одлука не функционира? На кој му е гајле ако треба да работите понапорно? На кој му е гајле дали другите ја одобруваат вашата одлука? Секогаш можете да најдете начин околу овие проблеми. Стресот нема место во автентичноста.
3. Сте ги преживеале сите тешки моменти во вашето минато
Земете еден миг да размислите за сите работи низ кои сте биле во вашиот живот.
4. Бидете мирни и сигурни
Мора да се фокусираме. Фокусирајте се на една идеја. Една задача. Еден момент. И најдете радост во тој спокој.
5. Верувјте на водството на Универзумот
Изберете да верувате дека она што ви се случува е поради нешто многу поголемо од вас. Изберете да верувате дека таму каде што сте е во ред! Вие сте доволно, токму сега, во овој момент! Изберете да верувате дека кога вашата интуиција ви шепоти во уво, ви дава слободен влез. Не треба да бидете под стрес или загрижени ако само ја активирајте моќта на вербата во вашиот живот.
6. Одморете се
Ако сакате да се одморите, слободно лежете и опуштете се. Тоа не е губење на време или мрзливост, напротив, на сите им е потребен одмор за да ги „наполнат батериите“ и да бидат попродуктивни.
7. Сакајте се себеси
Ова е многу моќна, но и предизвикувачка реченица. Ако научите како да се сакате и да се грижите себеси на правилен начин, тогаш ќе го исфрлите стресот од вашиот живот.
8. Сè ќе си дојде на своето место
Навистина е така. Некои работи можеби не одат како што треба, но за да се ослободите од стресот, мора да продолжите понатаму. Кога ќе престанете да се грижите за тоа кога ќе се случи тоа што треба да се случи, ќе овозможите да уживате во другите аспекти од животот. Додека уживате во секојдневниот живот, ќе ги добиете одговорите.
9. Вдишувајте и издишувајте
Слушајте ги звуците на брановите од морето или жаборкањето на реката и опуштете се. Потоа длабоко вдишете. Па, издишете со отворена уста. Ослободете ја тензијата на лицето, затворете ги очите и уживајте во звукот. Моментално ќе се ослободите од стресот.