Доколку пчелите исчезнат, освен недостаток на мед, факт е дека би се соочиле со уште поголеми загуби.
1. Една третина од глобалното снабдување со храна ќе исчезне
Плодовите и растенијата опстануваат со опрашувањето од пчелите.
2. Доколку не постои процесот на опрашување, зрната кафе ќе станат многу ретки и скапи
А, како резултат на тоа, многу луѓе што работат во секторот на производство на кафе би останале без работа.
3. Облеката ќе достигне вртоглави цени
Пчелите го опрашуваат памукот – еден од најраспостранетите и најупотребувани материјали за изработка на облека низ светот.
4. Ќе се намали производството на бадеми, индиски ореви и други јатки
Ниедно вештачко опрашување не е ефективно како природното од пчелите – тоа е факт.
5. Трагедија во транспортот и шпедицијата
Ќе има помалку храна за транспорт, а како резултат од тоа, транспортната индустрија ќе се соочи со проблеми како и загуби на работа.
6. Проблеми во секторот на обновливата енергија
Повеќето од биогоривата содржат канола, за која е неопходен процесот на опрашување.
7. Ќе се намали величината на стоката
Месната индустрија зависи од сончогледот и канолата за кои, како што кажавме, е неопходен процесот на опрашување.
8. Економијата во светот и меѓународната трговија ќе пропаднат
Исчезнувањето на плодовите и растенијата ќе предизвикаат проблеми во повеќе индустриски гранки и ќе настане економска криза.
9. Без пчелите, во светот ќе владее економска криза и глад
Пчелите нè одржуваат во живот. Ако ги нема нив, може да дојде и до изумирање и на човечката раса.