Занимливости
9 состојки за подобрување на расположението

Практикувањето здрава и балансирана исхрана е докажано дека носи позитивни вибрации, но тоа може да биде тешко да се исполни кога имате лош ден и сакате да изедете цела чоколадна торта.
Овие 9 едноставни состојки се одлични за да блеснете со позитивна енергија и да ги намалите вишокот килограми, а на листата се наоѓа чоколадото (не, не прочитавте погрешно), кафе, па дури и тестенини. Јадете ги следните вкусни оброци и ќе заблескате!

 

1. Чоколадо

 

cokolado

 

Самото помислување на чоколадо нуди насмевка на нашите лица, но дали сте сигурни дека може да консумирате чоколадо, а да бидете фит и среќни? Па, можете. Чоколадото содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи магнезиум, кој ги поттикнува крвните садови да се релаксираат, што предизвикува намалување на крвниот притисок и зголемување на циркулацијата. Консумирањето на неколку реда чоколадо со 70% какао не само што ќе ја намали анксиозноста, туку и ќе ги ублажи симптомите на предменструалниот синдром, депресија и замор. Затоа слободно дозволете си неколку реда темно чоколадо 2-3 пати неделно. Ние ќе го сториме тоа со сигурност!

 

2. Кафе

 

kafe

 

Освен што ќе го „разбуди“ вашиот ум, елементите што ги содржи една шолја кафе може да го енергизираат вашето тело во текот на денот, поттикнувајќи ја насмевката на вашето лице. Секојдневниот пијалак е познат по неговото дејство при зголемување на допаминот и серотонинот – хормони во телото што ослободуваат од негативни емоции. Можете да се заблагодарите на кофеинот за поттикнување на среќата во вас, но отсега можете и да уживате во вашиот утрински пијалак без чувство на вина.

 

3. Лосос

 

losos

 

Не јадете лосос само во рестораните; оваа риба е исклучително богата со омега 3, што е општопознато дека влијае против промените во расположението и депресијата. Омега-3 го има и во оревите, а помага во зголемување на меморијата и концентрацијата. Комбинирајте го со варен зеленчук и уживајте во денот полн со позитивни вибрации!

 

4. Јајца

 

4

 

На око, варени или како омлет – ние сме нација која е љубител на јајца. Јајцата се фантастичен извор на протеин кој помагаат да се обноват и одржат вашите мускули по долга и напорна работа во салата. Јајцата исто така содржат витамин Д, кој игра важна улога во одржување на имунолошкиот систем, спречување на кашлици, настинки и кивање. Конзумирање на храна богата со витамин Д може да помогне драстично да се намалат депресивните мисли, како и помагање на губење на тежината.

 

5. Шумски плодови

 

5

 

Како главен појадок или врз јогуртот, шумските плодови содржат антоцианидин со што се намалуваат воспаленијата во телото и ја намалува стапката на депресија. Вклучување на јагоди, малини, боровинки, и многу други, овие овошја за стабилизирање на расположението, исто така соджат многу антиоксиданси, кои не се само добри за вашата кожа, туку и помагаат во борбата против стареењето.

 

6. Ореви

 

6

 

Јаткасти плодови и семки, ореви, особено, се богати со калории и масти, но тие се од суштинско значење за здрава урамнотежена исхрана. Ова ужинка после појадокот содржи соединение познато како мелатонин, кој не само што предизвикува спиење, но ги намалува болестите на срцето, го спречува дијабетес, и се бори против хормонот на стресот. Ако сакате сјајна кожа и сјајна коса, оревите исто така придонесуваат за овие фактори. Јадете во умерени количини како ужинка за да имате здравствени придобивки.

 

7. Авокадо

 

7

 

Обично поврзан со неговата најдобра пријателка, салсата, авокадото е маскота за регулирање на хормонот за расположение, серотонин. Му помага на мозокот во извршување на многу функции, авокадо се бори против заморот и драматично го зголемува нивото на хормоните. Не само што има неверојатни здравствени придобивки, овој зеленчук е полн со здрави масти кои може да направи вашата кожа да сјае и да помогне во варењето на храната.

 

8. Банани

 

8

 

Чудесни за во овошни шејкови и за давање на енергија, бананите се познати по нивната висока содржина на калиум кој ја намалува можноста за аритмија, мозочни удари и артритис. Бананите се исто така одличен извор на витамин Б кој се поврзува со намалување на депресија. Јадете по една банана дневно за поттикнување на вашето оптимистичко расположение.

 

9. Паста

 

9

 

Јаглехидратите се познати за подигнување на расположението, како и нивото на енергија. Со тоа што содржи малку масти, пастата е голем извор на сложени јаглехидрати кои не исполнуваат и ослободуваат серотонин. Мала порција тестенини со балансиран оброк ќе го зголеми ендорфинот и ќе ослободи витамин Б во телото.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: