Занимливости
Корисни трикови за чување на овошјето и зеленчукот

Дали ви се случило да купите свеж кромид да го ставите во фрижидер и за неколку дена да ја загуби свежината? Или уште поразочарувачко, свежите јагоди во летниот период кои изобилуваат во количество а не може да ги користите предолго време бидејќи фаќаат мувла. Секогаш постои начин да ги зачувате намирниците, само треба да бидете информирани како да го направите тоа. Во продолжение, прочитајте ги едноставните трикови кои Ви ги нудиме за чување на храната подолг период.

 

Чувајте го кромидот во хулахопки

 

Звучи неверојатно, но кромидот може да ја задржи свежината и до 6 месеци, доколку знаете како добро да го зачувате. Така, во секое време ќе имате свеж зеленчук покрај себе! Со следниот едноставен трик, ќе ви покажеме како да го направите тоа. Искористете чист пар хулахопки, може да употребите некој ваш стар пар тенки, неоштетени хулахопки. Ставете еден кромид и потоа врзете ја хулахопката. Постапката повторете ја со останатите зеленчуци додека не се пополнат хулахопките. Чувајте ги на суво, темно и ладно место како подрум. Вака зачуваниот кромид може да го користите и до 6 месеци, а ќе биде свеж во секое време.

 

Ставете ги јагодите, малините и капините во оцет

 

Честопати се случува да купите поголема количина свежи јагоди и по неколку дена да ја изгубат својата свежина и вкус. Чувството е разочарувачко, но и за тоа има решение! Со следниов трик може да ја спречите појавата на мувла на овошјето и да овозможите истото да се употребува подолго од неколку дена. Во тегла ставете ги јагодите со три чаши вода и една чаша бел оцет. Оцетот ги уништува бактериите и помага овошјето да трае подолго. Потоа, исцедете ги и убаво исплакнете ги со вода, наредете во пластичен сад тоалетна хартија и ставете ги. Чувајте го пластичниот сад полуотворен во фрижидерот.

 

Чувајте ја марулата на суво и ладно место

 

Марулата има пократок рок од повеќето зеленчуци и најдобро е да се чува на суво и ладно место со минимално продирање на воздух. Научете неколку едноставни трикови како да ја зачувате во добра состојба марулата до една недела и подолго. Исечете ја основата на марулата со нож. Марулата трае подолго доколку се зачуваат само нејзините свежи листови. Ставете ги листовите марула во тоалетна хартија. Хартијата ја апсорбира водата од марулата и помага во одржувањето на свежината. Зачувајте ги листовите марула во пластика. Дали во пластични кеси или во пластичен сад со капак, најдобро е марулата да се чува на место каде помалку продира воздух. Тоа овозможува да нема кафеави краеви и да ја задржи свежината повеќе од една недела.

 

Една расипана јаболка ги уништува другите 

 

Извадете ја расипаната јаболка од фрижидерот и зачувајте ги останатите во добра состојба.

 

Чувајте ги бананите во фолија

 

Овој процес го спречува предвременото зреење на бананите. Употребете мал дел од безбојна фолија и убаво обвиткајте ги дршките на бананите.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: