Занимливости
Бразилска диета по која полуде светот: еве како за 30 дена да изгубите до 12 килограми!

Покрај разните диети на секој агол, се издвојува една која се нарекува бразилска. Овој режим на исхрана стана толку популарен бидејќи гарантира до 12 килограми помалку за само еден месец. Трикот е во тоа што се јаде четири до пет пати на ден, но на менито се наоѓаат претежно овошје и зеленчук.

 

Еве го седумдневното мени за бразилската диета:

 

Понеделник

 
Појадок: 1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал
Ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост
Ручек: 100 г варена риба, 100 г свежа зеленчукова салата
Вечера: исто како и за ручек
Пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

 

 

Вторник

 

Појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболко
Ужина: 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболко
Ручек: 100 г варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата
Вечера: 200 г варена риба, едно тврдоварено јајце, зелена салата, грашок (свеж во сезона, инаку може и конзервиран)
Пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 1 тост.

 

 

Среда

 

Појадок: 1 чаша немасно млеко, 1 тост
Ужина: 100 г немасно сирење
Ручек: 100 г ориз, 150 г зелена салата со прелив од цеден лимон и 1 лажица ситно сечкан магдонос
Вечера: 100 грама варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата
Пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 1 мала тост.

 

 

Четврток

 

Појадок: 1 чаша сок од ананас, 60 г ананас
Ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 мало парче тост
Ручек: 100 г варено месо, малку сирење и еден портокал
Вечера: 2 варени компири, 150 г свежа салата од рендан морков со малку масло
Пред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост.

 

01

 

Петок

 

Појадок: 1 чаша сок од јаболка и 1 мал тост

Ужина: 1 јаболка, 1 портокал

Ручек: 150 грама варена рива, 2 мали варени моркови

Вечера: 1 чинија зеленчукова супа (или крем супа од печурки) и мало парче леб

Пред да си легнете: 1 чаша сок од портокал и 1 мало парче тост

 

Сабота

 

Појадок: 1 чаша сок од јаболка и 1 парче тост

Ужина: 150 грама рендана салата од варено цвекло со малку масло

Ручек: 1 чинија зеленчукова супа, супа од печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб

Вечера: 100 грама пржени печурки, 100 грама салата од свеж зеленчук (по избор)

Пред да си легнете: 1 чаша сок од јаболка , 2 бисквити

 

Недела

 

Појадок: 1 банана, 1 шака грозје или јагоди

Ужина: 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче тост

Ручек: 100 грама варено месо, 100 грама салата од свежа зелка, млад кромид и сок од 1 лимон

Вечера: 1 чинија зеленчукова супа или рибја чорба, 100 грама овошје, 4 листа зелена салата

Пред да си легнете: 1 чаша сок од јаболка, 2 суви смокви

 

 

Менито повторувајте го по потреба две до четири недели – никако подолго од тоа. Враќањето на нормална исхрана можете да го постигнете пред сè со зголемување на количината на овошје и зеленчук, а потоа и постепено зголемување на количината на намирници со протеини.

 

Како што можете да забележите, оваа диета е богата со овошје и зеленчук, па никако нема да бидете во недостаток на витамини и минерали. Исто така, распоредот на оброците е таков да не би требало да бидете гладни ниту да имате дилеми со нивото на шеќерот во крвта.

 

Со оваа диета се препорачува секојдневна умерена активност: 30 минути шетање, возење точак или пливање. Бразилската диета промовира лесна исхрана и активност и поради тоа треба да ја испробате.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: