Чајот е најстара и најраспостранета напивка низ светот. Негова прататковина е Азија, каде во дамнешни времиња на чајот се гледало како на волшебен еликсир на животот.
Чајот е природна, уникатна смеса во чии свежи листови има дури четири пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот (во ист тежински размер). Во исушените листови чај има помалку витамини, но сепак доволно.
Оваа природна напивка со своите благородни компоненти – повеќе од 130 витамини, катехини, кофеин реин и други компоненти во природна комбинација има и лековито дејство.
Лековитото влијание на чајот
Докажано е дека чајот влијае во сузбивање на хипертонија, артосклероза, ревма и хроничен хепатитис. Ги ублажува воспалителните процеси со зголемување на еластичноста на крвните садови и нормализирање на артерискиот притисок. Во лекувањето на артериосклероза и хипертонијата, како и во профилаксата на нивните компликации-излив на крв во мозокот и инфаркт на срцето.
Чајот го спречува создавањето камен во бабулето, во жолчната ќесичка и бубрезите. Познато е дека Кинезите, практично, не боледуваат од камен во наведените органи бидејќи редовно пијат чај.
И нашите пра-прадедовци знаеле дека чајот е лековита напивка, која го освежува телото, ги намалува болките на срцевиот мускул, ја буди мислата и го зајакнува целиот организам, односно сите негови органи.
Чајот ја стимулира работата на кожата на телото, ги чисти порите, предизвикува интензивно потење, ја прави кожата еластична подобрувајќи ја и нејзината боја. Најдобро е чајот да се пие со лимон – тогаш е покорисен и поефективен. Меѓутоа погрешно е лимоновиот сок да се става во врел чај и да се чува во отворен сад. Со ваквата постапка се губи многу од витаминот Ц и се намалува вредноста на чајот. Поради тоа се препорачува сокот од лимон да се додаде кога чајот ќе се олади на 40°C и да се чува кратко време во покриен сад.
Зелениот чај
Најсилно антибактериско својство има зелениот чај. Тој се користи за ублажување на последиците од излив на крвта во органите за варење и во мозокот. Зелениот грузиски чај е познат како средство за одржување на здравјето и закрепнување на организмот.
Црн соперник – кафето
На овој благотворен, корисен и лековит природен напиток, голем соперник денес му е кафето кое повеќе му штети отколку што му користи на човековиот организам ако се пие во големи количества во текот на денот.
Кафето го зголемува крвниот притисок, го продолжува задржувањето на алкохолот во крвта, односно не ја намалува концентрацијата иако е вообичаено мислењето дека кафето ги отрезнува пијаните луѓе. Кај нервозните луѓе, кафето предизвикува аритмија или „лупање“ на срцето, несоница и вознемиреност.
Сето ова е причина повеќе сите ние да се свртиме повеќе кон чајот затоа што е здрав, лековит, закрепнувачки пијалак и пред сè, дар од природата.