Дали сте благ или солен тип? Дали успевате да одолеете на вкусен ручек од тестенини, пица или хамбургер? Дали за вас е едноставно да избегнувате да јадете торти, палачинки или благи пити? Со овој интересен тест откријте каков е вашиот карактер: дали сте личност која е расположена повеќе за благ или за солен оброк.
Постојат луѓе што на крајот од ручекот или вечерата оставаат место за малку благо, а другите се оние кои сакаат да се насладуваат само со солени јадења од менито. Во која група спаѓате? Решете го овој интересен квиз и дознајте го одговорот!
- Вашата идеална ужинка е
A. Сладолед
Б. Овошје
В. Чипс
- Кога сте во лошо расположение што најмногу ви годи да јадете
А. Нутела или било кој друг благ крем
Б. Леб, мармалад и путер
В. Тестенини со месо
- Кога ќе поминете од слаткарница вие
А. Застанувате да гледате во јадењата
Б. Влегувате да си купите благо
В. Со нетрпение чекате да ја поминете и да отидете во пекара!
- Кога сте во ресторан
А. Никогаш не го прескокнувате десертот
Б. Барате „репете“ од лазањите
В. Сакате да пробате повеќе оброци
- Ви се допаѓаат солените јадења, пити и печива?
А. Не многу
Б. Ми се допаѓаат
В. Ги обожавам
- Ви се допаѓаат благите јадења, пити и десерти?
А. Не можам без благо еден ден
Б. Ако изедам премногу благо, не ми е добро
В. Ми се допаѓаат после одличен солен оброк
- Што ви е најголемо задоволство да јадете?
А. Кроасан со нутела или мармалад
Б. Богат и голем корнет со овошен или чоколаден сладолед
В. Пица со три вида сирење
- Кој тип на храна најмногу ве привлекува?
А. Меките и кремастите оброци
Б. Јадењата со богат и разновиден вкус
В. Крцкавите и печените јадења
- Колку сметате дека сте личност која има потреба од благо?
А. Премногу
Б. Доволно
В. Малку
- Вашиот идеален состанок
А. Некаде каде што може да јадеме убав десерт
Б. Ручек во убава кафана
В. Вечера во отмен ресторан
Најмногу одговори под А: ВИЕ СТЕ БЛАГ ТИП
Вие просто обожавате сè што е поврзано со кремови, благи пити и чоколади. Вашиот идеален појадок се бисквити, колачи и разни благи потопени во млеко. Кога би требале да бирате помеѓу солена и блага палачинка, нема ништо што би ве предомислило – за вас секако е повкусна благата палачинка со нутела или со мармалад.
Ви се допаѓа благото, но често знаете да кажете стоп на премногу благите вкусови. Вашата идеална исхрана се разновидни јадења кои често ги зачинувате. Вашите омилени јадења се идеални со малку чили вкус кој ќе ви ги направи уште повкусни.
Најмногу одговори под В: ВИЕ СТЕ СОЛЕН ТИП
Не би можеле да преживеете без вашите солени јадења. За појадок сакате да јадете омлет со сланина или тост, па и парче пица не би било лоша идеја. Ги обожавате солените јадења со сосови и намази кои им даваат интензивен вкус.