Занимливости
Дали сте слушнале за чај со бисери?

„Бабл ти“ е пијалак со потекло од Кина (Кинески –  粉 圆), поточно од Тајван. Се создал во осумдесетите години, но неговата популарност се повеќе се зголемува денес во западните земји. 

 

Се работи за освежителен пијалак кој содржи чај како основа и додатоци од овошје или млеко. Меѓутоа, тоа што го прави интересен и уникатен е содржината на мали топчиња Тапиока, познати како „тапиока бисери“ или „жен жу“. Се работи за зрнест и хранлив производ од корените на тропското растение Маниока, кое се одгледува главно во Јужна Америка и Африка.

 

Оригиналниот рецепт на „чајот со бисери“

 

Првиот рецепт на „Бабл ти“ се состои главно од црн чај и млеко кои во комбинација создаваат благ и пријатен вкус, а потоа се додаваат ситните тапиока перли кои се црни и јадливи.

 

Денес постојат повеќе варијанти на овој пијалак кои се развивале и менувале низ годините. Разните видови рецепти главно се наоѓаат во продавниците за чај и кафе низ светот, а вкусовите се бескрајни.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: