Занимливости
Декоративни велигденски јајца

Постојат многу начини да направите оригинално декорирани велигденски јајца – за јадење или само за декорација – но вапцањето јајца е најпопуларниот начин. Сакате природни бои и природни состојки за боење на јајцата, или сакате нешто помодерно и поинтересно? Прочитајте неколку од идеите што ги одвоивме за вас и декорирајте ги велигденските јајца на оригинален начин.

 

 

1. Природни бои 

 

јајца

 

Зовријте вода во 4 посебни садови. Во сите посебно ставете мелена куркума, рендано цвекло, рендана црвена зелка и лушпи од кромид. Мешајте и варете додека водата се обои. Потоа процедете ја обоената вода во посебни садови, во секој од садовите ставете по 1 лажица оцет и ставете ги варените јајца да отстојат 2 часа.

 

 

2. Јајца со лушпи од кромид и со листови

 

jajca2

 

Уште еден природен начин на вапцање јајца без вештачки бои. Потребни ви се 4 јајца, лушпи од кромид, пар тенки хулахопки, путер и листови (од магдонос и рузмарин). Пресечете ја хулахопката на мали парчиња, ставете ги јајцата и ставете по еден лист на секое парче, па заврзете ја хулахопката. На дното од тенџерето, ставете лушпи од кромид, па ставете ги јајцата внимателно и покријте ги со лушпи кромид. Налијте вода и варете ги јајцата околу 20 минути. Оставете ги да се изладат во водата. Потоа внимателно извадете ги од хулахопката и премачкајте ги со путер.

 

 

3. Јајца со светки и копчиња

 

DIY-Faberge-Easter-egg-vertical

 

Оваа декорација е многу едноставна. Ќе ви бидат потребни сварени јајца, лепак, светки, копчиња и циркони. Премачкајте го свареното јајце со лепак и посипете го со светки убаво од сите страни. Оставете го да се исуши и потоа почнете да ги лепите копчињата и цирконите.

 

 

4. Металик јајца

 

4_17_14_metalliceggs1

 

Ќе ви бидат потребни сварени јајца, боја за јајца, селотејп, металик маркери во златна и сребрена боја.

Обојте ги јајцата со бојата за јајца според упатството. Оставете ги целосно да се исушат. Со селотејп залепете го јајцето така што селотејпот ќе ви ја претставува линијата до која ќе го обоите јајцето со металик маркерите. Од кога ќе го обоите, оставете го целосно да се исуши наопаку.

 

 

5. Златни јајца

 

140408-golden-eggs-table

 

Овие јајца се можеби и најлесни за подготовка. Ќе ви требаат сварени јајца и златен спреј. Ставете ги јајцата во картон за јајца и обојте ги со спрејот. Од кога ќе се исуши бојата, свртете ги и обојте ги и од другата страна.

 

 

6. Мињон јајца

 

Dyed-Minion-Easter-Eggs

 

Ќе ви требаат сварени јајца, боја за јајца, црна волна, лепак, црн маркер и очиња налепници.

Во 2 чаши ставете 2-3 супени лажици оцет и во едниот сад ставете ја  жолтата, а во другиот сината боја. Во чашите стевете ¼ вода која е на собна температура. Промешајте и почнете да ги правите јајцата едно по едно. Прво ставете го јајцето во жолтата боја така што ќе му го обоите само врвот. Чувајте го така неколку минути. Оставете го да се исуши и повторете ја постапката и со сината боја. Од кога ќе бидат исушени, залепете ги очите кај жолтиот дел и со лепак залепете ја црната волна како што е на сликата. Со црниот маркер нацртајте ја устата и мињоните се готови.

 

 

7. Јајца со шлаг

 

slag

 

Ќе ви требаат сварени јајца, течна боја за храна и шлаг од шприц.

Ставете го шлагот во еден сад и во него ставете од бојата за храна. Со чечкалица промешајте за боите да се измешаат. Јајцете ставете го во шлагот и свртете го еднаш. Оставете го така да седи 10-30 минути. Зависи колку сакате бојата да е јака. Со ракавици извадете го јајцето од шлагот и брзо измијте го под ладна вода. Оставете го да се олади на тоалетна хартија и јајцето е готово. Со овој метод можете да оботе повеќе јајца од еднаш.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: