Појадокот е најважниот оброк во денот. За во утрата да не посегнете по нездрави намирници, ви предлагаме здрави оброци кои ќе ви дадат сила и енергија за низ целиот ден.
1.Јогурт
Јогуртот е богат со калиум и е идеален за намалување на тежината. Наутро можете да го комбинирате со свежо овошје или овесни снегулки. Одличен оброк за почеток на денот.
2. Јајца
Јајцата содржат доволно протеини кои ќе ве држат сити низ целиот ден. Омлет е одличен избор за појадок. Можете да додадете салата или свежо сечкан зеленчук. За сето ова ќе ви бидат потребни само неколку минути да го подготвите, а ќе бидете сити и полни со енергија.
3. Шејк
Шејкот се подготвува многу едноставно и ќе ви заштеди доста време. Изберете овошје по желба, ставете го во блендер, додајте млеко или јогурт и вашата „витаминска бомба“ е спремна!
4. Салата
Овошната салата ќе ви даде енергија. Богата е со витамини и со минерали, а се подготвува многу лесно. Исечкајте овошје по желба и прелијте го со лажица мед. Предлог рецепт: Егзотична салата за која ви се потребни ¼ чаша сок од лимон, 1 и пол чаша вода, ½ чаша шеќер, 2 банани, ½ ананас, 10-тина јагоди, 2 листови нане, 1/3 чаша кокосово брашно и сладолед од ванила. Сокот од лимон се меша со водата и со шеќерот во тенџере на оган додека да зоврие, се меша додека шеќерот не се растопи. Се става во фрижидер додека не се олади. Овошјето исечкајте го и ставете го во сад, рамномерно прелијте го со сирупот, наросете го со сечкано нане и кокосово брашно и декорирајте со топки сладолед од ванила.
5. Житарици
Житариците содржат голем процент на растителни влакна и се одличен извор на енергија. Исто така се добри и за диета бидејќи содржат малку калории и се добри за дигестивниот систем.