Жељко се жали кај лекарот: Докторе, секоја ноќ сонувам ист сон, неколку девојки влегуваат и се обидуваат да ме заведат. – А ти, што правиш во сонот? – Па ништо! Секогаш мавтам со рацете и ги бркам. – И како да ти помогнам? – Исечи ми ги рацеве, доктореее!
Жената му се жали на мажот: Воопшто не си ме извел надвор, да излеземе некаде заедно! – Добро! Утре ќе те земам кога ќе одам да го фрлам ѓубрето!
Жоре и се фали на жена му: Толку заработувам, што би можел да издржувам две жени! – Супер, миличок! Тогаш и мајка ми ќе живее со нас!
Ѕвонко си дошол дома, седнал на каучот, почнал да го гледа фудбалскиот натпревар на телевизија и ја прашал жена му: Жено, дали падна некој гол? – Колку си глупав! Па нели гледаш дека сите се облечени во своите спотрски дресови!
Ивана бабата оди во аптека и бара антибебе пилули. – Знаеш ли бабо зошто служи ова? – За главоболка. – Како бре бабо за главоболка? – Па така, им ги давам на внуките и после можам мирно да спијам.
-Баш е чудна природата! – му вели жената на мажот. Замисли, дури и врабецот спаѓа во птиците пејачки! – Што е тука чудно? Па и ти спаѓаш во поубавиот пол!
Божана разговара со пријателка: Како ти го замислуваш идеалниот маж? – Па вака: 80-20-41! –А што ти е тоа? – Осумдесет години, 20 милиони и најмалку 41 степен температура!
Верка го критикува малиот син Перица: Како можеш на сестра ти да и кажеш дека е глупа? Одма речи ѝ дека ти е жал! – Сестро, жал ми е што си глупа!
Влегува една баба во автобус и му вели на шоферот: Мајсторе, а бе немам пари да си купам билет, може да ти дадам јајце? – Може бабо, ајде влези. Така бабата постапила и другиот и третиот ден, а четвртиот ден шоферот ѝ вели: Може бабо уште денес, но од утре повеќе не доаѓај со јајца. Утредента влегува бабичката во автобус со кокошка во раце. – Мајсторе, еве јас дојдов со месечна претплата!
Зошто плавуша го отвара млекото во продавница? – Затоа што пишува „Овде отвори“.