Двајца пријатели правеле свадба во ист ден. По два месеци се сретнуваат и си разговараат: Мојата жена умее да готви, но не сака – вели едниот. -Ти добро си поминал – одговорил вториот – мојата не знае, а готви!
Учителката го изнесува Миле пред карта и го прашува: Миле, најди ми ја Америка. -Еве ја. -Добро, седни. Игор, кој ја пронајде Америка? – Па, Миле наставничке!
Русокоса се јавила во авионска компанија за да праша колку трае летот од Скопје до Њујорк. Се јавила службеничката и рекла: Само момент… Русокосата се заблагодарила и ја спуштила слушалката.
Две бабички седнале во кинески ресторан и побарале храна и прибор за јадење. Кога келнерката им донела стапчиња за јадење, тие ѝ рекле: Ние побаравме прибор за јадење, а не прибор за плетење!
Ѓурѓица му вели на малиот Перо: Ако не ја изедеш супата ќе го викнам полицаецот. – А што ќе правиш мамо, ако и тој не сака супи, кој тогаш ќе ти ја изеде?
Учителката го прашува Филип: Филипе, ајде кажи кога се берат јаболката? – Кога комшијата не е дома!
Учителката го прашува Миле: Што е брзина на светлоста? – а тој вели – Кога баба ќе види слободно место во автобус.
Ѓуро доаѓа во болница и гледа како болничарите и лекарите тепаат еден човек. -Срамота, тепате болен човек… – Како не, срамота. Шест месеци го лечиме од жолтица, а тој дури денес ни рече дека е Кинез!
За време на празниците…