Занимливости
Домашна крема за тело без стрии

Стриите се кошмар на многу жени, но за да ги елиминирате или барем да ги ублажите, не ви се потребни скапи третмани. Доволно е да ја пробате оваа домашна крема и да бидете упорни во нејзиното мачкање.

 

Ќе ви бидат потребни:

 

– 1 супена лажица гел алое вера

– 1 супена лажица гел од лимон или сок од лимон (ако користите сок од лимон додајте уште 1 кафена лажица алое вера гел)

– 1 капсула витамин Е

– 1 кафена лажица рициново масло

 

Помешајте ги состојките и кремата ставете ја во кутија со капаче. Чувајте ја во фрижидер максимум 1 месец.

 

Како да ја користите?

 

Земете крпа и потопете ја во врела вода и ставете ја врз местото каде што имате стрии да стои 5 минути. Од кога ќе го направите тоа нанесете ја кремата во кружни движења и масирајте 5-7 минути. Оставете ја да делува уште 15-20 минути. Потоа избришете ја со топла мокра крпа.

 

Процесот повторувајте го редовно еднаш дневно, 1 месец и ќе ви помогне да ги отстраните стриите сигурно.

 

Зошто е корисна? 

 

Алое верата е позната дека е најефективната природна состојка за отстранување на стрии и други проблеми со кожата. Содржи растителен колаген кој веднаш ја прави кожата поеластична и мека. Ја затега кожата и ги брише стриите многу ефективно.

 

Гелот од лимон или сокот од лимон е одличен извор на aскорбинска киселина и алфа хидроксилна киселина кои го гарантираат производството на колаген и делуваат веднаш за обезбедување на цврстина и еластичност на кожата. Исто така лимонот е природен обелувач на кожата кој ги редуцира лузните и црвенилото и ги правите стриите помалку видливи.

 

Рициновото масло го стимулира производството на колаген и еластин. И помага на кожата да се врати во првобитната состојба. Природен лек е за стрии, изгореници и сува кожа.

 

Витаминот Е е есенцијален елемент за природна регенерација и одржување на кожата и многу ефективно ги отстранува стриите и ги спречува од појавување.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: