Лето – годишно време каде луѓето уживаат во топлото време, синото небо, пливањето, риболовот, излетите со пријателите и семејството и многу други активности на отворено. Но, летото може да биде ужасно кога изгорениците од сонцето можат да станат проблем.
Изгорениците настануваат од ултравиолетовите зраци на сонцето. Премногу изложеност на УВ светлина може да ја оштети кожата, што ја прави црвена и болна.
Симптомите може да не се појават веднаш – може да потрае до пет часа за да се појават изгорениците. Ако не се третира навреме, изгорениците може да доведат до лупење и оштетување на кожата. Сонцето исто така го зголемува ризикот од развој на меланом, смртоносната форма на рак на кожата.
Најдобриот начин за да се избегнат изгорениците е ПРЕВЕНЦИЈА.
- Не се изложувајте на сонце помеѓу 10 часот и 16 часот кога сонцето е најсилно.
- Носете соодветна облека што ја покрива вашата кожа, како и шапка и очила за сонце.
- Нанесувајте ефикасно средство за сончање на кожата неколку пати на ден.
Почитувајте ги овие препораки, меѓутоа, ако страдате од изгореници од сонце, испробајте ги овие 10 домашни лекови кои можат да ја ублажат болката и да го намалат воспалението.
1. Сода бикарбона
Содата бикарбона дејствува многу благотворно на изгорената кожата поради нејзината алкална природа. Исто така има антисептички својства кои го ублажуваат чувството на чешање како резултат од изгорениците.
– Наполнете ја кадата со ладна вода, додајте една чаша сода бикарбона и добро промешајте. Искапете се во водата околу 15 минути. Откако ќе излезете од бањата, внимателно истапкајте ја кожата о пешкир или оставете вашето тело само да се исуши. Практикувајте го ова еднаш на ден, додека да добиете позитивни резултати.
– Втора варијанта: измешајте четири лажици сода бикарбона со доволно вода за да се направи паста. Нанесете ја пастата директно на изгорената кожа со памук. Оставете 10-тина минути и потоа измијте го местото со млака вода. Повторете ја постапката еднаш или двапати дневно неколку дена во зависност од сериозноста на изгорениците.
2. Овесна каша
Овесот има смирувачки особини кои ѝ помагаат на кожата да ја задржи својата природна влага и да ја намали иритацијата.
– Наполнете ја кадата со ладна вода, додајте една чаша овесна каша и добро измешајте ја. Искапете се околу половина час. Откако ќе излезете од водата, оставете го вашето тело само да се суши и избегнете го триењето на кожата со крпа. Практикувајте еднаш дневно до целосни резултати.
– Друг начин: сварете 1 чаша овес со доволно вода сè додека смесата стане потечна. Оставете да се излади целосно и нанесете ја на оштетената кожа – не ја тријте само нанесувајте. Оставете ја маската на кожата половина час, а потоа исплакнете ја со ладна вода. Повторете два или три пати на ден по потреба.
3. Алое Вера
Алое Вера има одлични антивоспалителни својства кои помагаат во справувањето со различните симптоми на изгореници. Исто така има смирувачки особини кои може да ја олеснат болката од изгорениците од сонце.
– Истиснете го гелот од листот од алое вера.
– Ставете го гелот во фрижидер половина час.
– Нанесете тенок слој од разладениот гел на кожата со изгореници.
– Оставете го да се исуши самостојно, така што кожата да може целосно да ги апсорбира медицинските својства. Направете го ова пет или шест пати дневно неколку дена.
Ако немате свежа алое вера, може да купите алое вера гел во маркетите.
4. Компири
Сувиот компир е одличен за ублажување на изгореници од сонце, бидејќи природните шеќери што се наоѓаат во компирот ќе помогнат да се извлече топлината од вашата кожа.
– Излупете два големи компири и пресечете ги на мали парчиња.
– Изблендирајте ги парчињата со блендер за да направите паста.
– Нанесете ја пастата на погодената кожа и оставете ја да се исуши сама.
– Тогаш измијте се со ладен туш.
– Повторете го процесот еднаш дневно неколку дена додека сите симптоми не исчезнат.
5. Мед
Медот работи како природен антибиотик и помага да ја задржи влага на кожата, што е од суштинско значење за лекување на изгореници. Плус, ензимот присутен во медот помага да се поправи оштетената кожа. Медот исто така го намалува воспалението и отокот поврзан со изгорениците од сонце.
– Нанесете тенок слој на природен мед на погодената кожа и оставете го да се исуши сам.
– Како што медот се апсорбира во кожата, ќе се забрза лекувањето и ќе се минимизира болката.
– Нанесувајте мед два или три пати дневно една недела.
– Исто така, јадете една лажица мед со чаша млака вода три пати на ден за да го зајакнете имунолошкиот систем и да го забрзате лекувањето. Всушност, можете редовно да јадете мед за да уживате во добро здравје и блескава кожа.
6. Кокосово масло
Бидејќи кокосовото масло е полно со масни киселини кои ја негуваат кожата, претставува одличен крем за намалување на симптомите на изгореници. Витаминот Е присутен во кокосовото масло работи како антиоксиданс, кој помага да се намали воспалението предизвикано од изгореници од сонце. Бидејќи кокосовото масло е многу лесно, тоа многу брзо се апсорбира во кожата и може да обезбеди резултати во рок од неколку дена.
– Органско кокосово масло загрејте го малку во микробранова печка.
– Убаво нанаесте од маслото на изгорената повшина и нежно масирајте го.
– Правете го ова три пати дневно неколку дена за да го забрзате лекувањето.
7. Млеко
Маста, протеинот и рН во млекото имаат смирувачки, антиинфламаторски ефект врз кожата, кој може да ги намали симптоми на изгореници.
– Измешајте една чаша обезмастено млеко со четири чаши вода. Додајте коцки мраз во мешавината.
– Потопете чиста ткаенина во растворот и нанесете ја на изгорената површина околу половина час.
– Потоа, нежно исплакнете ја кожата со мека крпа.
– Повторете го процесот на секои четири часа неколку дена додека не се надминат болката и иритацијата.
Студената температура ќе ги ограничи крвните садови и ќе го намали отокот, додека млекото ќе создаде протеински филм кој ќе ја олесни болката.
8. Ладни облоги
За да се намали воспалението и болката поврзана со изгореници, може да нанесете ладни облоги на погодената област. Ладните облоги предизвикуваат малите крвни садови да се стегаат, што за возврат ќе го намали воспалението.
– Завиткајте неколку коцки мраз во влажна крпа.
– Држете ја облогата над погодената област се додека е ладно.
– Применувајте го ова неколку пати на ден колку што е потребно за да се ослободи непријатноста.
– Никогаш не нанесувајте мраз директно на кожата, бидејќи може да ја оштети кожата.
9. Јаболков оцет
Јаболковиот оцет може да ја ублажи болката и да го забрза процесот на заздравување. Исто така, оцетната киселина присутна во јаболковиот оцет помага да се намали чешањето и воспалението.
– Додајте една чаша јаболков оцет во вашата када исполнета со млака вода. Седете во оваа вода околу половина час. Ова ќе помогне да се балансира pH вредноста на кожата со изгореници од сонце и да се забрза заздравувањето. Применувајте го овој лек еднаш дневно по потреба.
– Измерете еднакви количини јаболков оцет и ладна вода. Натопете ги хартиените крпи во растворот и ставете ги над погодената површина на кожата. Оставете ги додека крпите не се исушат. Повторете го процесот неколку пати на ден неколку дена додека не се подобри состојбата.
Забелешка: Избегнувајте употреба на јаболков оцет ако имате гребнатинки на вашата кожа.
10. Црн чај
Црниот чај е полн со антиоксиданти кои се многу корисни за лекување на иритирана и изгорена кожа. Чајот има танини кои помагаат да се заштити кожата од УВ зрачење и да се намали воспалението. Исто така помага во обновувањето на балансот на pH на кожата.
– Две или три кесички чај ставете ги во тенџере со топла вода. Дозволете да отстојат неколку минути.Отстранете ги кесичките оставете ја течноста да се излади на собна температура.
– Натопете ткаенина во растворот и навлечете ја на погодената кожа. Оставете ја да седи се додека не се исуши комплетно и повторно се нанесува три или четири пати, колку што е потребно; Не треба да го измиете.
– Правете го ова секојдневно неколку дена се додека вашата состојба не се подобри.