Домашни маски за коса
Маска за оштетена коса
- 1 жолчка
- 2 супени лажици кокосово масло
- 1 супена лажица мед
Маска за виткана коса
- 1 јајце
- 2 супена лажица мајонез
- 1 супена лажица маслиново масло
- 1 супена лажица мед
Маска за нормална коса
- ½ авокадо
- ¼ чаша мајонез
- 2 супени лажици кокосово масло
- 1 супена лажица мед
Маска за разлетана коса
- 1 банана
- 2 супени лажици јогурт
- 1 супена лажица мед
Маска за мрсна коса
- ¼ чаша јаболков оцет
- 1 цеден лимон
- 1 супена лажица мед
За сите маски потребно е да си измешате или да ги изблендирате сите состојки. Ако имате подолга коса направете дупла доза од маската. Маските нанесете ги на малку мокра коса. Завиткајте ја косата во крпа и оставете ја маската да дејствува половина час. Потоа измијте ја косата со шампон. За најдобри резултати маската правете ја еднаш неделно.
Домашни купки за бањање
- 1 чаша сода бикарбона
- ½ чаша лимонска киселина
- ½ чаша горка сол
- 1 кафена лажица вода
- 2 кафени лажици ецсенцијално масло (ванила, ментол, ружа..)
- 3 кафени лажици маслиново масло
- Неколку капки боја за храна (каква сакате)
- Модла или мала длабока чинија
Сувите состојки ставете ги во сад и убаво промешајте. Мокрите состојки измешајте ги во друг сад. Полека додавајте ги влажните состојки во сувите. Една по една лажица и убаво мешајте. Смесата ставете ја во модлата или во калапи за мафини и убаво притиснете ја. Работете брзо за смесата да не се исуши. Од кога ќе ја ставите во модлата, оставете да отстои неколку чаша и потоа купката е спремна за употреба. Ставете ја во када полна со вода и релаксирајте се.
Балсам за нега на брада
- 4 супени лажици шеа путер
- 2 супени лажици бадемово масло
- 1 супена лажица пчелин восок
- Неколку капки еценцијално масло (ментол или било какво по ваша желба)
Сите состојки стопете ги заедно на шпорет или во микробранова печка. Сипете ја смесата во некое кутииче во кое ќе ја чувате. Почекајте да и излади и нанесете ја на брадата.
Смирувачки балсам за изгореници
Доколку сте страсни љубители на сноубордингот, при практикување на овој спорт често се случува да сте изложени на силен ветар и ладно време. Во тој случај кожата на образите, носот и челото станува црвена, речиси изгорена и ѝ е потребна соодветна нега.
- 1/4 чаша врела вода
- 2 ќесички чај од камилица
- 1 цела краставица, сечкана (не ја лупете кората)
- 1/4 чаша алое вера гел (во шише, или од свежи, цели листови од кои е потребно да го исцедите сокот)
- 2 капки масло од лаванда
Направете чај од камилицата и оставете ја да се излади на собна температура. Потоа прелијте го чајот во блендер, додајте ја сечканата краставица, алое вера гелот и маслото од лаванда, па блендирајте додека да добиете лесна и кремаста смеса. Оставете ја смесата во фрижидер да се олади, а потоа внимателно нанесете ја врз изгорената област. Оставете ја маската 15-20 минути, потоа измијте го лицето со ладна вода, исушете го и нанесете лесна, немасна крема за лице.
4 природни маски против непријатната миризба на косата
Сок од лимон
Сок од лимон е одличен за вашата коса. Тој на косата ѝ дава пријатен мирис и ја одржува чиста и свежа. Сокот од лимон е одличен за масна коса и за проблеми со скалпот како инфекции и првут.
Земете една чаша вода и разредете ја со исцеден сок од два лимони. Откако ќе ја измиете косата со шампон, втријте ја смесата со четка во скалпот и на косата. Оставете неколку минути и потоа исплакнете со вода. Повторувајте ја постапката до двапати неделно.
Ако имате габична инфекција, се меша сок од еден лимон со една чаша обичен јогурт. Ставете ја смесата во косата и оставете ја половина час, а потоа исплакнете. Правете го ова еднаш неделно.
Лимоновиот сок може исто така да го комбинирате со етерични масла како лаванда или рузмарин и да ја оставите маската преку ноќ на вашата коса. Направете го ова два до три пати неделно.
Сода бикарбона
Ова е еден од најчесто користените домашни лекови против миризливиот скалп. Сода бикарбоната ѝ помага на косата при мастењето и ги неутрализира лошите мириси.
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос од 1: 3. На влажна коса ставете убаво од смесата, оставете ја 5 минути, а потоа исплакнете. Повторувајте ја оваа постапка еднаш неделно.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е природен и функционален лек за масна и миризлива коса. Тој исто така ќе ви помогне да го вратите нормалното ниво на pH на косата и ќе ѝ даде сјај.
Измешајте половина чаша органски јаболков оцет со две чаши дестилирана вода, а потоа ставете три капки етерично масло како роза, лаванда или други. Нанесете ја смесата на вашата коса и оставете нека отстои неколку минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
Можете да ја исплакнете косата и со половина лажица оцет и една чаша вода, оставајќи ја смесата околу една минута, а потоа да исплакнете. Не ја користете оваа маска повеќе од двапати неделно.
Сок од домати
Сокот од свежи домати помага да се отстранат лошите миризби од вашата коса. Киселоста на доматите ќе ви помогне да го балансирате нивото на pH на косата.
Ставете го свежо исцедениот сок од домати на вашиот скалп. Оставете десет до петнаесет минути, а потоа исплакнете. Користете ја маската еднаш или двапати неделно.