Занимливости
Егзотични намирници за зајакнување на имунолошкиот систем
Есента е ладно годишно време. Поради тоа мораме да преземеме нешто за да го зајакнеме нашиот имунитет. И повеќе од јасно е дека тоа се постигнува со утринска гимнастика и пешачање, но и храната игра голема улога во активирање на одбранбениот механизам на нашето тело. Белите крвни клетки, познати како леукоцити се природниот одбранбен механизам на телото против инфекции. Имаат голема важност за нашиот имун систем бидејќи ги отстрануваат страните бактерии и другите организми кои го напаѓаат нашето тело. Ако не го снабдиме нашето тело со потребните нутритивни вредности, одбранбениот механизам на нашето тело ќе се намали.
Во прилог неколку намирници кои ќе Ви помогнат во борбата за поздраво тело.
- Акаи бобинки – ги уништуваат канцерогените клетки, особено оние поврзани со леукемија. Акаи бобинките, исто така, го намалуваат и воспалението. Една од најдобрите работи што акаи бобинките можат да направат за вас, како резултат на големи количини на антоцијани кои ги содржат, е да го намалат воспалението поврзано со хронични заболувања како срцеви заболувања, рак, дијабетес, артритис, синдром на замор, дигестивни непријатности. Тие го штитат срцето од болести. Пулпата на акаи бобинките е лековита бидејќи содржи антиоксиданси и растителни влакна кои го намалуваат холестеролот и го одржуваат вашиот дигестивен систем здрав.
- Гоџи бобинки – помагаат во борбата против ракот. Фитохемикалиите во гоџи бобинките може да имаат моќни антиканцерогени ефекти. Помагаат и при губење на тежината. Гоџи бобинките содржат природни состојки кои помагаат со отстранување на мастите од црниот дроб и горат вишокот калории. Го штитат срцето. Гоџи плодовите имаат состојки за намалување на холестеролот. Спречуваат очни проблеми. Гоџи плодовите имаат високо ниво на антиоксиданси, како и бета каротен и зеаксантин, кои се важни за добриот вид. Зеаксантин ги штити очите, особено на ретината и може да го намали ризикот од макуларна дегенерација. Го зголемуват либидото. Оваа неверојатна суперхрана не само што го покренува духот, но тоа, исто така, го зголемува либидото! Гоџи бобинките го подигат нивото на тестостерон, а со тоа и вашиот сексуален нагон оди нагоре.
- Дулсе – морски зеленчук со многу витамини, минерали, есенцијални масни киселини и други природни хранливи хемикалии со антиоксидантни својства.
- Хиџики – морски зеленчук. Исто така е наречен и „зеленчук на убавината“ во Јапонија. Овој зеленчук помага при негување на тироидната жлезда, здрава кожа и коса и промовира здрав имунолошки систем.
- Кафеави морски алги – се голем извор на јод, што е клучна хранлива состојка која многу често е дефицитарна, а потребна за тироидната жлезда. Нудлите од овие алги се вкусен и одличен начин за да додадете морски зеленчук во вашата исхрана.
- Комбу – уште еден морски зеленчук кој обезбедува минерали кои се особено значајни во вашата исхрана.
- Нори – е најпознатиот морски зеленчук бидејќи се употребува за правење на суши. Содржи огроми количини на витаминот Б12.
- Вакаме – морски зелечук кој може да се консумира како сирова ужинка или како додаток во супи, салати или скара. Одличен начин за да внесете минерали во вашата исхрана.