Во ерата на дигиталната револуција, трошиме сè повеќе и повеќе време гледајќи во дигиталните уреди од кога било досега. Денес имаме непосреден и неограничен пристап до информациите и дигиталната комуникација.
Американската оптометричка асоцијација (AOA) известува дека просечниот американски работник поминува најмалку седум часа дневно на компјутер било дали е во канцеларија или со работа од дома. Други истражувања укажуваат на тоа дека часовите се зголемуваат дури на 11 дневно каде просечниот американски граѓанин поминува гледајќи во екранот на некој уред, вклучувајќи ги и мобилните уреди како мобилни телефони.
Исто така, здрави млади луѓе во своите 20-ти, 30-ти и 40-тите години се жалат од хронична несоница, когнитивни дисфункции и краткорочно губење на меморијата, како и од чести главоболки.
1. Може да развиете долгорочни проблеми со очите
Американската оптометричка асоцијација го дефинира синдромот на компјутерскиот вид (CVS) – исто така познат како дигитален замор на очите – како проблем со очите и визијата поврзани со активностите што влијаат врз видот за време на користење на компјутер, таблет, лаптоп и мобилен телефон. Овие симптоми може да вклучуваат замор на очите и болка, сувост, иритација, црвенило, двоен или заматен вид, па дури и болки на вратот и рамената.
2. Зависноста од мобилен телефон влијае врз мозокот
Прво, зависноста од мобилен телефон е реалност. Една студија на ученици во 10 земји покажа дека мнозинството чувствуваат акутна болка, ако тие мора да бидат без своите мобилни телефони 24 часа. Во меѓувреме, повеќето луѓе ги проверуваат нивните телефони најмалку 150 пати на ден и испраќаат повеќе од 100 пораки дневно.
Оваа проблематична употреба на мобилни телефони е поврзана со вознемиреност, стрес, па дури и депресија. Овие навики предизвикуваат, како што би кажале повеќето невролози, “дигитална деменција” – оштетување на важни десни-мозочни функции вклучувајќи ја краткорочната меморија, внимание и концентрација така што може или не може да биде ревирзибилно.
3. Може да страдате од несоница
Во 2014 година група од Медицинскиот факултет Харвард ги истражувале биолошките ефекти на читање е-книга (дигитална книга) на таблет или лаптоп во споредба со читање на печатена книга пред спиење. Тие објавија дека на поединците кои читаат е-книги пред спиење им треба подолго време да заспијат, а покрај тоа имаат и намалено лачење на мелатонин за разлика од поединците што читаат печатена книга.
4. Може да бидете повеќе под стрес, вознемирени или депресивни
Многу од пациентите пријавиле вознемиреност, стрес, па дури и депресија предизвикани од трошење премногу време на социјалните мрежи. А некои дури велат дека „детоксот од социјални мрежи“ т.е. бришење на апликации како Инстаграм и Фејсбук од своите телефони за неколку дена или неколку недели драстично им помогнале во подобрување на нивното чувство на благосостојба.
Што може да сторите во врска со овие симптоми?
Ако се наоѓате себеси како доживувате симптоми како што се несоница, краткорочно губење на меморијата, анксиозност, влошување на видот, главоболки или когнитивни дисфункции, најпрво посетете го вашиот матичен лекар за проценка, но потоа обидете се да го ограничите гледањето во екран до шест часа на ден. Избегнувајте ги сите екрани најмалку еден час пред спиење и искористете ги викендите “надвор” од социјалните мрежи. Ако веднаш се чувствувате подобро, ќе имате јасна потврда за тоа како влијаат екраните врз вас.
Оттука, сите ние треба да се запрашаме дали технологијата ни служи, или пак, ние сме нејзина слуга и како технологија ќе влијае на нашето здравје и благосостојба во иднина.