Занимливости
Хороскопските знаци и храната

 

Ако ви дојде на ручек Вага, Јарец, Девица…дознајте како ќе се однесува на масата, што ќе сака да јаде, да пие и покрај кого ќе сака да седи.

 

 

Овен

 

Овенот ќе мора да се седне прв и тој да го добие првиот оброк. Ако некој друг го добие предјадењето пред него, тогаш настанува хаос. Овенот не може да поднесе некој друг да добива повеќе внимание од него. Тој дополнително ќе ги посолува јадењата и ќе ги зачинува со останатите зачини, дури и да се идеално припремени. Навистина сака зачинета храна, но би требало да го избегнува алкохолот.

 

Ако ви дојде Овен на ручек, задолжително подгответе оброк со многу лук и чили сос.

 

 

Бик

 

Бикот нема забелешки што и да му се послужи. Ќе јаде полека и ќе ужива во секој залак. За него најважно е предјадењето и десертот на крајот, а тука може да биде прилично проблематичен. Тешко може да им одолее на слатките. Секогаш останува последен на масата, бидејќи никогаш не се брза.

 

Ако Бик ви доаѓа на ручек, најголем напор направете околу десертот.

 

 

Близнаци

 

Близнакот ќе задоцни на ручекот. Тој ќе сака да проба сè од храната, а во принцип, поважно му е кој се наоѓа на масата и со кого може да седне да комуницира. Близнакот ќе доминира на масата и ќе ги забавува другите гости.

 

Ако Близнак ви доаѓа на ручек, припремете нешто софистицирано.

 

01

 

 

Рак

 

Ракот ќе изеде сè по ред. Тој е голем гурман, но сепак внимава на здравјето и на линијата. Обожава домашно приготвена храна и традиционални чорби, манџи и супи. Му се допаѓаат семејните ручеци и пријатната атмосфера.

 

Ако Ракот ви доаѓа на ручек, припремете нешто топло, по рецептот на баба.

 

 

Лав

 

Лавот ќе седне на чело на масата. Тој ќе ги вкуси сите јадења, бидејќи е гурман и хедонист. Ако сте во ресторан, ќе ги нарача најскапите оброци. Не сака да готви. Лавот е прибирлив гостин, но и благодарен, ако му понудите нешто добро. Тој познава многу светски кујни, никогаш не се прејадува и јаде малку, но квалитетно.

 

Ако Лавот ви доаѓа на ручек, не штедете: кавијарот е одлично решение.

 

 

Девица

 

Девицата не бира каде ќе седне и големи се шансите да изеде само предјадење и салата. Најскромниот хороскопски знак ќе биде задоволен со туѓиот избор, но не очекувајте дека ќе изеде баш сè. Има чувствителен стомак, така што нема да се прејаде.

 

Ако Девица доаѓа на ручек, купете многу овошје и зеленчук.

 

 

Вага

 

Вагата ќе проба сè. Најдобро би било да седне покрај Девицата, за да ја потсетува дека треба да внимава на килажата, или покрај Близнакот за повеќе да зборува, а помалку да јаде. Десертот мора да го испроба, но нема да претера.

 

Ако Вага ви дојде на ручек, задолжително мора да припремите десерт.

 

 

Шкорпија

 

Шкорпијата ќе има доста забелешки. Нема да ѝ се допадне кој седи на масата, можеби ни како е поставена масата. Сака калорична храна и многу месо. Шкорпијата ретко се здебелува, бидејќи внимава на линијата. Таа сака добро вино и слатки.

 

Ако Шкорпија ви доаѓа на ручек, внимавајте какво вино ќе изберете на масата.

 

02

 

Стрелец

 

Стрелецот нема жалби, само не треба да седи покрај Девицата. Не му се допаѓа некој да му гледа во чинијата. Тој не јаде многу, но сака да експериментира и не може да одолее на храна што не е од оваа област. Секако, сака сè да проба.

 

Ако Стрелец ви доаѓа на ручек, припремете суши.

 

 

Јарец

 

Јарецот ќе пристигне на време. Ќе ужива во секој залак, полека. Не се прејадува никогаш, сака да испробува нови вкусови, но домашната, традиционална храна сепак му е омилена.

 

Ако Јарец ви доаѓа на ручек, згответе нешто старо, традиционално.

 

 

Водолија

 

На Водолијата ќе ѝ биде поважно да ги забавува гостите на масата, отколку да јаде. Доброто друштво ѝ е побитно од храната. Таа сака да експериментира со вкусовите и задолжително ќе побара рецепт од готвачот за јадењето што најмногу ќе ѝ се допадне. Се воодушевува на необичното декорирање на храната.

 

Ако Водолијата ви доаѓа на ручек, припремете добра музика – атмосферата е поважна од храната.

 

 

Риба

 

Рибата сигурно ќе задоцни, но нема да се побуни каде и да седне на масата, освен ако не е покрај некој досаден што ќе ѝ пречи додека јаде. Рибите уживаат во изгледот на храната исто како и во вкусот и не се прибирливи.

 

Ако Риба ви доаѓа на ручек, послужете ја со морска храна и добро вино.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: