Дали наутро се будите со рамен стомак, а веднаш откако ќе појадувате се чувствувате подуено колку џиновски балон – без да знаете зошто?
Ако секојдневно се чувствувате слабо, уморно и тешко, можеби ќе ве заинтригира фактот дека одредена храна може да предизвика надуеност.
Прочитајте ги овие 10 видови храна што може да предизвикаат надуеност и што да јадете наместо нив.
1. Суров зеленчук од фамилијата на зелки
Кељот, карфиолот, брокулите и зелката предизвикуваат надуеност и гасови кога се јадат сурови, без да се зготват. Тоа е затоа што тие се екстремно богати со растителни влакна што може да му отежнат на организмот да ги свари.
Освен тоа, овие видови зеленчуци содржат јаглехидрат наречен рафиноза што предизвикува надуеност бидејќи многу бавно се разградува.
Што да јадете: секако дека зеленчукот ви ги обезбедува потребните витамини и минерали и не треба да го отфрлите од исхраната. Наместо тоа, пробајте да ги сварите за да го олесните нивното разградување во организмот. Сварете ги и изблендирајте ги во зеленчукова супа – подобро отколку да ги јадете сурови при гасови и надуеност. Наместо свежа зелка, направете подварок.
2. Газирани пијалаци
Газираните сокови создаваат воздух во дигестивниот тракт што предизвикува подуеност.
Што да пиете: одлучете се за природно цедени сокови од овошје и обична наместо газирана вода.
3. Кромид
Кромидот софржи фруктан – полимер на фруктозата кој ја предизвикува подуеноста. Дури и кога се јаде во мали количини, кромидот предизвикува и други дигестивни проблеми како гастроезофагеален рефлукс (киселини) и индигестија (лошо варење).
Кај некои луѓе, готвениот кромид може да ги намали дигестивните проблеми.
Што да јадете: со оглед на здравствените придобивки, не би сакале целоно да го отфрлите кромидот од исхраната. Обидете се да го зготвите со маслиново масло, кое е помалку веројатно да предизвика дигестивни проблеми.
Не се препорачува замена на кромид со млад кромид и со лук, бидејќи тие се тесно поврзани со семејството на кромид и исто така предизвикуваат надуеност.
4. Јаболки
Иако е точно дека јаболка се полни со фитонутриенти, витамини и минерали, тие се исто така богати со фруктоза, повеќе од другите овошја. Фруктозата е моносахарид, што е причина за подуеноста. Високата содржина на растителни влакна во јаболка, исто така, може да биде тешка за некои луѓе да се свари.
Што да јадете: заменете ги јабоките со диња, шумско овошје, грозје или банани или јадете ги во пита со јаболки каде претходно ќе бидат готвени.
5. Гранола барови и овесни колачи
Овие продукти содржат шеќерни алкохоли како ксилитол, манитол и сорбитол што најчесто се користат како нискокалорични засладувачи во преработената храна, како што се житарките и гранола баровите.
Бидејќи шеќерните алкохоли се составени од јаглехидрати – полиоли, многу веројатно ќе предизвикаат дигестивни проблеми како што се надуеност, гас и дијареа.
Што да јадете: иако ксилитолот често се препорачува како здрава алтернатива на рафинираниот шеќер, стевијата или јаворовиот сируп се подобри избори за засладувачи кога се чувстувате подуено.
5. Лук
Како близок роднина на кромидот, лукот исто така треба да го избегнувате доколку имате проблеми со гасови и надуеност. Лукот се вели дека е најтежок за варење во својата сурова форма, но сепак може да предизвика дигестивни проблеми и кога се консумира готвен.
Што да јадете: пробајте да го замените лукот со див лук. Иако ниедна храна не го заменува вкусот на лукот, дивиот лук е блиска алтернатива што не ги отежнува дигестивните проблеми иако станува збор за зеленчук од истата фамилија.
7. Грав и мешунки
Гравот, наутот, леќата, кикириките и сојата содржат фитинска киселина што нè спречува да ги вариме и апсорбираме есенцијалните витамини и минерали.
Гравот и мешунките создаваат гасови и надуеност бидејќи содржат шеќерна молекула наречена алфа-галактозид, така ја добиваат репутацијата на „музикална храна“.
Што да јадете: заменете ги мешунките со месо и јајца што ќе ви обезбедат протеини, витамини и минерали.
8. Житарици
Овесот, оризот и пченицата содржат многу растителни влакна што може да предизвика или да ги влоши постоечките дигестивни проблеми.
Што да јадете: киноата може да биде замена за житарици, бидејќи таа е тесно поврзана со семејството на спанаќ и всушност е повеќе од семе. Киноата може да го замени кафеавиот ориз или овесот во многу рецепти. Сепак, киноата содржи фитати, па затоа е најдобро да накисне преку ноќ пред да се зготви, што може да помогне да се намали фитинската киселина.
9. Печурки
Печурките се еден вид габи што може да ги влошат дигестивните проблеми кај оние кои имаат кандида. Како габична инфекција во гастроинтестиналниот тракт, кандидата може да предизвика дигестивни симптоми како надуеност, кои се влошуваат од храна која содржи квасец и габи.
Што да јадете: можеби во рецептите нема да најдете ист вкус како печурки, но обидете се да ги замените на пример со тиквичките кои може да обезбедат слична текстура, додека алгите и коскената супа може да додадат солен вкус на вашите рецепти.
10. Млечни производи
Млекото е поврзано со надуеност и гас бидејќи е богато со лактоза што е млечен шеќер.
Казеин, протеинот пронајден во млечните производи, предизвикува воспаление во поставата на цревата кај оние кои се чувствителни на млечни производи, што понатаму може да предизвика дигестивни симптоми како надуеност.
Што да јадете: заменете го кравјото млеко со растителни млека како бадемово, кокосово и млеко од коноп кои се богати со есенцијалните витамини и минерали.