Задржувањето на токсините во крвта предизвикува хроничен умор, надуеност и проблеми со циркулацијата.
За да не се задржуваат токсините во крвта треба повремено да направите чистење.
Овие тегоби може да се отстранат со помош на едноставен домашен напиток од вашата кујна. Тоа што ви е потребно е лук и црно вино. Овој лековит напиток ја прочистува крвта, го отстранува вишокот маснотии и соли во организмот и со тоа го забрзува метаболизмот.
Состојки:
-12 чешниња лук
-Половина литар црно вино (по можност домашно)
Подготовка:
Исчистете ги чешнињата бел лук, исечете ги на четвртини и ставете ги во стаклено шише. Додајте пола литар црно вино и добро затворете го шишето. Чувајте го на сончева светлина околу две недели (14 дена). Секој ден, неколку пати, протресете го шишето за состојките да се измешаат. После две недели, процедете ја течноста и вратете ја во шишето кое сте го измиле. Консумирајте по 1 кафена лажица три пати на ден во период од 1 месец.
Внимание: Ова е силен пијалак за чистење и зајакнување на крвта, затоа се консумира помеѓу 6 месеци, односно 2 пати годишно, во времетрање од 1 месец.