Занимливости
Ice roll – слатко задоволство во поинаква форма

„Ајс рол“ – парчиња овошен или чоколаден сладолед кои се замрзнати и обвиткани една до друга како букет рози. Се работи за нова мода што доаѓа од Америка, меѓутоа потеклото на сладоледот е од поодамна. Имено, во Тајланд на секој агол може да се забележат продавачи на сладолед со шпатули кои создаваат уметничко слатко задоволство.

 

Како се прават розите од сладолед

 

Традицијата потекнува од Тајланд. Овој сладок и креативен десерт се подготвува во моментот пред послужување. Над замрзната метална плоча од -35 Целзиусови степени, се става обично млеко, млеко од соја или павлака, а потоа на садот се додаваат разни состојки: свежо овошје, парчиња чоколадо, суво овошје и слично. Откако убаво ќе се соедини, сладоледџијата со брзи движења на двете шпатули ја распределува смесата на металната плоча, а потоа со една шпатула создава тенок слој сладолед кој се тркала и се обвива во форма што наликува на мали рози во разни бои.

 

 

Сладолед од рози во Њујорк

 

Од тајландските традиции за изработка на „тркалезен сладолед“, оваа идеја се проширува низ светот. Веќе во Њујорк постојат над 10 слаткарници каде мајсторите ја усовршиле техниката на изработка на овој сладолед и сега успеваат да направат оригинален креативен десерт. Нивната тајна е што употребуваат секогаш свежи состојки без конзерванси што го прават сладоледот уште поатрактивен не само по изгледот туку и вкусот и квалитетот. Затоа доколку имате можност да посетите некои од местата во Њујорк каде може да го пробате ова слатко задоволство, немојте да ја пропуштите!

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: