Земете лист хартија и запишете ги вашите одговори.
1. Гледате море, како се чувствувате?
2. Одите во шума, какво чувство имате под нозете?
3. Гледате јато галеби на небото, како се чувствувате?
4. Гледате стадо коњи као трчаат, како се чувствувате?
5. Во пустина сте и наидувате на ѕид со мал отвор, а преку ѕидот има оаза. Што ќе направите?
6. Во пустина сте преморени и гледате шише со вода пред вас. Што ќе направите?
7. Во темна шума сте и далеку забележувате светла куќа. Што ќе направите?
8. Во магла сте, што чувствувате?
Одговорите на прашањата што ги напишавте ги отсликуваат, карактеризираат и опишуваат следните работи:
1. Пристапот кон животот, вашите емоции и чувства.
2. Односот и чувствата во семејството.
3. Вашиот однос кон жените, општо за женскиот род.
4. Вашиот однос кон мажите, општо за машкиот род.
5. Основната животна стратегија, цел и начин на кој ги решавате проблемите.
6. Секуалниот живот и изборот на партнер.
7. Подготовка за стапување во брак.
8. Односот кон смртта.