Основните правила според кои човекот би требало да ја избира исхраната се следните: припадност на крвната група, здравствената состојба и воздраст, годишно време, период на денот и физичко-психички активности.
КРВНА ГРУПА 0
Луѓето со крвна група 0 имаат прекумерно активен имунолошки систем, издржливи органи за варење и киселини во стомакот. Имаат потреба за физички активности, а често заболуваат од разни воспалувања, чир и артритис.
Корисна храна за луѓе со крвна група 0 се месо (говедско, јагнешко, овчо, телешко, дивеч, џигер, срце); риба (скуша, бакалар, ослиќ, харинга, штука, пастрмка, лосос); јатки и семиња (семе од тиква, ореви); масла (маслиново масло, ленено масло); мешунки (боб, грашак); зеленчук (цвекло, брокула, цикорија, магдонос, зелка, кромид, лук, рен, кељ, црвена пиперка, тиква); овошје (смокви, сливи, ананас, цреши); зачини (рогач, кари, црвен пипер).
- Потребни неделни количества на продукти за луѓе со НУЛТА крвна група:
ПРОИЗВОД КОЛИЧЕСТВО НЕДЕЛНО
Црвено месо 110-170 г (мажи) 4-6х
55-140 г (жени)
Пилешко месо 110-170 г (мажи) 2-3х
55-140 г (жени)
Јајца 1 јајце 3-4х
Сирење 55 грама 0-3х
Јогурт 110-170 г 0-3х
Млеко 110-170 г 0-3х
Јатки и семки 6-8 парчиња 3-4х
Масла 1 супена лажица 4-8х
Мешунки 1 чаша сушени 1-2х
Жита 1 чаша сушени 2-3х
Леб и печива 1 парче 0-2х
Тестенини 250 грама 0-3х
Зеленчук 250 грама 3-5х
Овошје 1 парче 3-4х
Сокови од зеленчук 250 мл 2-3х
Вода 250 мл 4-7х
КРВНА ГРУПА А
Луѓето со оваа крвна група имаат чувствителни органи за варење и недостаток на желудникова киселина. Најдобар одговор на стресот е смиреноста (медитација, вежби за релаксација, јога). Луѓето од крвната група А најчесто заболуваат од болести на срцето и рак.
Корисна исхрана за луѓе со крвна група А се риба и морски плодови (скуша, бакалар, ослиќ, харинга, штука, пастрмка, лосос, лист, гргеч); млечни производи (соино сирење, соино млеко); јатки и семки (кикирики, семки од тиква); масла (ленено, маслиново); мешунки (црн грав, зелен грав, леќа); жита (хељда); зеленчук (кромид, рен, лук, келераба, праз, зелена салата, магдонос, спанаќ, репа, лута пиперка); овошје (кајсии, капини, боровници, јагоди, цреши, смокви, лимон, ананас, сливи, суво грозје); зачини (јачмен, соја сос, ѓумбир, тамари).
- Потребни неделни количества на продукти за луѓе со А крвна група:
ПРОИЗВОД КОЛИЧЕСТВО НЕДЕЛНО
Црвено месо 0 (мажи)
55-140 г (жени)
Пилешко месо 110-170 г (мажи) 0-3х
55-140 г (жени)
Јајца 1 јајце 3-4х
Сирење 55 грама 2–4х
Јогурт 110-170 г 1-3х
Млеко 110-170 г 0-4х
Јатки и семки 6-8 парчиња 2–5х
Масла 1 супена лажица 2–6х
Мешунки 1 чаша сушени 3–6х
Жита 1 чаша сушени 5–9х
Леб и печива 1 парче 3–5х
Тестенини 250 грама 4–6х
Зеленчук 250 грама 2-5х
Овошје 1 парче 3-4х
КРВНА ГРУПА Б
Луѓето од оваа крвна група се адаптирани на млеко и млечни производи. Имаат толерантни органи за варење и недостиг на желудникова киселина, а најдобро се справуваат со стресот преку креативноста.
Корисна храна за луѓе со крвна група Б се месо (јагнешко, овчо, зајачко, дивеч); риба и морски плодови (бакалар, ослиќ, скуша, сардела, пастрмка, штука, лосос); млечни проиводи (меко сирење, фета, козјо сирење, козјо млеко, солено кравјо сирење, јогурт); мешунки (грав); зеленчук (цвекло, брокула, зелка, кељ, магдонос, печурки, модар патлиџан, пиперка, морков, карфиол); овошје (банани, грозје, ананас, сливи); зачини (рен, магдонос, кари, црвен пипер).
- Потребни неделни количества на продукти за луѓе со Б крвна група:
ПРОИЗВОД КОЛИЧЕСТВО НЕДЕЛНО
Црвено месо 110-170 г (мажи) 2-3х
55-140 г (жени)
Пилешко месо 110-170 г (мажи) 0-3х
55-140 г (жени)
Риба 110-170 г 1-3х
Јајца 1 јајце 3-4х
Сирење 55 грама 3-5х
Јогурт 110-170 г 2-4х
Млеко 110-170 г 4-5х
Јатки и семки 6-8 парчиња 2–5х
Масла 1 супена лажица 4–6х
Мешунки 1 чаша сушени 2-3х
Жита 1 чаша сушени 2-4х
Леб и печива 1 парче 0-1х
Тестенини 250 грама 3-4х
КРВНА ГРУПА АБ
Луѓето со оваа крвна група имаат чувствителни органи за варење и толерантен имунолошки систем. Најдобар одговор на стресот за нив е активност, но посилна отколку кај луѓето со А крвна група.
Корисна храна за луѓе со крвна група Б се месо (јагнешко, овчо, зајачко, мисиркино); риба и морски плодови (туна, бакалар, ослиќ, скуша, сардела, пастрмка, штука); млечни проиводи (меко сирење, фета, козјо сирење, козјо млеко, кефир, кисела павлака, солено кравјо сирење, јогурт, тофу); мешунки (грав, боб, леќа); зеленчук (цвекло, брокула, целер, крааставица, зелка, кељ, кроми, лук, магдонос, модар патлиџан, карфиол); овошје (цреши, смокви, киви, лимон, грозје, ананас, сливи); зачини (рен, магдонос, кари, црвен пипер, кромид, мисо).
- Потребни неделни количества на продукти за луѓе со АБ крвна група:
ПРОИЗВОД КОЛИЧЕСТВО НЕДЕЛНО
Црвено месо 110-170 г (мажи) 1-3х
55-140 г (жени)
Пилешко месо 110-170 г (мажи) 0-2х
55-140 г (жени)
Јајца 1 јајце 3-4х
Сирење 55 грама 3–4х
Јогурт 110-170 г 3-4х
Млеко 110-170 г 3-6х
Јатки и семки 6-8 парчиња 2-5х
Масла 1 супена лажица 4-8х
Мешунки 1 чаша сушени 2-3х
Жита 1 чаша сушени 2-3х
Леб и печива 1 парче 0-1х
Тестенини 250 грама 3-4х
Зеленчук 250 грама 3-5х
Овошје 1 парче 3-4х