Занимливости
Како да изберете свежо и квалитетно месо

Без разлика дали ќе купите месо во големите маркети или во месара на крајот сепак се прашувате дали го избравте најдоброто парче месо. Во последно време има многу сомнежи во врска со она што го јадеме, па затоа ќе ги откриеме разликите помеѓу свежото и неисправното месо.

 

Искусните месари велат дека свежо месо се купува со носот и очите. Кога купувате месо обрнете внимание на бојата, мирисот и текстурата на месото.

 

Пилешко месо
Свежото пилешко месо треба да има нормален мирис, светла боја и не треба да биде темно околу коските, бидејќи тоа е знак дека е старо. Ако градната коска е мека и еластична, тогаш станува збор за млад добиток.

 

Свинско месо
При купувањето на свинско месо бидете сигурни дека тоа има светло розова боја, бидејќи тоа е знак дека е свежо. Црвената боја на месото покажува дека месото е старо. Исто така, свежото свинско месо е солидно, со ситно испреплетена структура која не треба да биде леплива или сива.

 

Највеќе двоумење има околу меленото месо. Повеќето проблеми се наоѓаат при купување мелено месо, бидејќи не знаеме месарите со што го мешаат. Сепак, и овој проблем може да се реши ако се придржувате кон едно правило: -Никогаш не купувајте изложено и готово сомелено месо, бидејќи прашање е колку воопшто има чисто месо. Секогаш побарајте од месарот да го сомеле месото пред вашите очи, така ќе знаете што купувате. Ова може да биде малку поскапа, но побезбедна опција.

 

Говедско месо

Ако говедско месо е свежо, веднаш ќе ја забележите неговата прекрасна црвена боја и цврста текстура. Жилите на месото треба да бидат тенки, а не дебели. Грубите жили укажуваат дека месото е најверојатно од постаро говедо. Ако на парчето говедско месо забележите сиви или црни делови, не го купувајте бидејќи дефинитивно е со сомнителен квалитет.

 

Јагнешко месо

Свежото и квалитетно јагнешко месо има розева боја и е цврсто и еластично. Кога ќе го притиснете со прстот, тоа веднаш ќе се врати на почетната позиција. Овој вид месо има специфичен мирис, а дали претходно било замрзнато, ќе препознаете од тоа што не мириса на свежо, или, пак воопшто не мириса.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: