Занимливости
Како да ги употребите белките кои ви останале

Без разлика дали правиме пудинг, лесни свежи тестенини, или пак, мек домашен леб, повеќето од нас се сретнале со рецепти во кои одлично ги користат жолчките од јајцата, но зад себе оставаат сад полн со непотребни белки.

 

Додека е прифатливо фрлање на една или две белки ќе се чувствуваме позадоволни доколку ги искористиме сите состојки и ништо не фрлиме. Секогаш можете да направите суфле или омлет од белки, но повеќе „надвор од кутијата“ рецепти не секогаш ни доаѓаат на ум.

 

Добрата вест е дека не мора веднаш да ги искористите – белките можат да бидат замрзнати неколку месеци. Свежи или одмрзнати, тие се клучни за некои од нашите омилени рецепти – како на пример пуслици, пенливи коктели или намази. Еве некои вкусни начини добро да ги употребите белките од јајцата.

 

Торта со банани

 

torta-so-banani

 

Тортата со банани е класичен десерт, но е познато дека се распаѓа во рерната, што ја прави стресна за подготовка дури и за искусни пекари.

 

Нашата техника ги заобиколува овие вообичаени замки со матење на ладни јајца и шеќер додека не формираат свиленкаста стабилна основа со текстура слична на мек сладолед. Оттаму, едноставно се додава брашното и се става тортата во калапот за печење. Резултатот? Совршено формирана, лесна како перница торта со фил од банани секој пат.

 

Рецепт: https://goo.gl/9URtFf

 

 

Чајните колачиња од Алиса во земјата на чудата

 

алиса во земјата на чудата

 

Не само што овие колачиња се повкусни од купечките, можете да ги декорирате за секоја пригода со шарена глазура и декоративни трошки по ваш избор.

 

Рецепт: https://goo.gl/EtSXvn

 

 

Ладен колач со крцкави ф’стаци

 

laden-kolach-so-krtskavi-fstatsi

 

Лесен чоколаден мус, одличен десерт за сите љубители на чоколадо и Нутела кремот.

 

Рецепт: https://goo.gl/7puvjZ

 

 

Палачинки со киноа и јагоди

 

kinoa-palachinki

 

Користењето на белки наместо цели јајца не е секогаш за намалување на калориите или холестеролот. Во оваа смеса високата содржина на влага во белката е она што им помага на палачинките да растат.

 

Рецепт: https://goo.gl/ALS7sf

 

 

Пуслици

 

puslitsi

 

Уште еден начини на употреба на белките од јајца се добро познатите пуслици. Овие пуслици се лесни за подготовка, а се потребни само 3 состојки со кои ќе добиете најдобар резултат.

 

Рецепт: https://goo.gl/Awz1oM

 

 

Коктели

 

Коктел виски соур

 

Кога ви останале белките по долгата и макотрпна изработка на колачот, последно нешто што ќе сакате да направите е да готвите, туку ќе сакате само да ги искористите.

Освен што може да ги замрзнете, белките може да ги ставите во било каков коктел, а најдобро во мешаните коктели како виски соур или маргарита. Ваш е изборот.

 

Рецепт: https://goo.gl/rSwU5i

 

 

Мусака

 

hrono-musaka1

 

Мусаката може да биде еднакво вкусна ако пред печење ја полиете со кисело млеко и белки од јајце.

 

Рецепт: https://goo.gl/7Sbfov

 

 

Намази

 

намаз од белки

 

Искористете ги белките во овој рецепт за намаз што ќе го подготвите за помалку од 5 минути.

 

Рецепт: https://goo.gl/pLkpks

 

 

Мусови

 

мус од малини

 

Мусот лесно се припрема и не ви треба премногу време, особено ако готвењето е последната работа што сакате да ја правите, а имате вишок белки од претходно приготвениот рецепт.

 

Рецепт: https://goo.gl/3rrdvT

 

 

 

Ќофтиња и пржено месо

 

шпагети со ќофтиња

 

Постои кинеска техника на готвење каде што всушност белката од јајце се употребува како маринада заедно со пченкарен скроб и вино за да му даде мекост на прженото месо.

А, белката од јајце може да се употреби и во изработка на ќофтиња од мелено месо.

 

Рецепт: https://goo.gl/y24KVs

 

 

Кандирани и зачинети јатки

 

01

 

Белката може да ја искористите за да направите зачинета ужинка од бадеми, ореви или ф’стаци. Извалкајте ги јатките во цимет и шеќер, измешајте ги со пенасто изматени белки и печете ги. Доволна е една до две белки за да им дадат шмек на јатките и крцкаво-свеж  ароматичен вкус.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: