Во вашиот фрижидер секогаш чувајте путер – тој е фантастичен сојузник во домот.
Освен што обожаваме да го јадеме на леб со мармалад, да пржиме храна на него и да го додаваме во рецепти за колачи, путерот може да ни ги олесни секојдневните домаќински работи.
За вас одвоивме неколку домаќински трикови со путер:
1. Ја освежува бојата на пластиката
– Бојата на пластиката може да ја освежите ако ја намачкате со путер и да ја оставите на сонце неколку дена.
2. Отстранува траги од дрвена подлога
– Кога на дрвената маса ќе забележите трагови од мокри чаши, премачкајте ги со слој путер и оставете го да отстои преку ноќ. Утредента избришете го со чиста ткаенина.
3. Отстранува лепак
– Ако на прстите ви се задржи малку лепак, протријте путер на лепливите места, почекајте малку, па измијте ги рацете со сапун и млака вода.
4. За полесно сечење со нож
– Ножот кој ќе го премачкате со тенок слој путер, полесно ќе ги исечете лепливите јадења како сирење или пита.
5. За задржување на свежината на кромидот
– Кога ќе ви остане половина главица кромид, пред да го обвиткате во алуминиумска фолија, нанесете малку путер на краевите. Тоа ќе му ја задржи свежината.
6. За спречување на модрици
– Модриците ќе ги спречите ако местото веднаш го премачкате со путер, чии што фосфати го спречуваат помодрувањето.