Занимливости
Како да изберете совршено овошје за слатка зимница

Магијата на џемовите, мармаладите и пекмезите е да го зготвите вашето омилено овошје, а потоа, кога ќе помине сезоната, можете да ја отворите теглата и да уживате во посакуваниот вкус.

 

Затоа е важно да го изберете правилното овошје за припрема на слатка зимница.

 

Не за презрело овошје

 

Ако при пазарењето или во текот на бирањето овошје не водите сметка за квалитетот на овошјето, потрудете се тоа да го направите во текот на припремата на зимница. Отстранете ги овошките што се многу меки или оштетени.

 

Додека повеќето овошје за зимница треба да е на врвот на зрелоста, сепак најдобро е да биде во различен степен на зрелост. Важно е да не е презрело, бидејќи тогаш овошјето го губи пектинот и киселоста која е од суштинско значење за добар џем, а и за текстурата.

 

Не се плашете од незрели плодови

 

За повеќето од бобинките, најдобро е да некои од плодовите се недоволно зрели, бидејќи зелените делови содржат многу пектин, танин и киселина – што ќе го направат џемот со погуста текстура и побогат вкус.

 

Прилагодување на шеќер во зависност од зрелоста на овошјето

 

Тајната на добриот џем е препознавање на добро овошје, прилагодувањето на шеќерот и сокот од лимон во зависно од тоа колку е свеж и цврст плодот и колку содржи природен пектин.

 

Во принцип, зрелото овошје со многу пектин бара помалку шеќер отколку презрелото овошје со помалку пектин. Исто така, за презрелите овошни плодови е потребно дури повеќе шеќер, но и лимонов сок за рамнотежа во вкусот.

 

Употреба на џемот

 

Доколку експериментирате, запамтете дека постои начин да се искористи секој џем, дури и да не ви испадне како што очекувате. Поретките џемови може да ги искористите како прелив за сладолед, а прегустите како глазура за торта.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: