Занимливости
Со диетата на Бијонсе до боженствен изглед!

Се сеќавате кога Бијонсе стана веганка во 2013 година? Нејзиниот тренер и планер на исхрана, Марко Боргес, објави комплетната листа на сè што таа јаде за појадок, ручек и вечера 7 дена. Пробајте ја диетата и видете дали и вие ќе се чувствувате боженствено како и Бијонсе.

 

Ден 1

 

1

 

Појадок

Бијонсе обожава зелени смути пијалаци. Нејзините смутиња обично вклучуваат банана, путер од бадеми, протеин во прав и куп зелен зеленчук. Ова е прилично слично: https://goo.gl/4Kj1rv.

 

Ручек
Еден од омилените ручеци на Бијонсе е салата. Но, не се разочарувајте, овие салати не се обична марула салата со секојдневни зачини. Подгответе се за вкусна салата со наут, киноа и спанаќ: https://goo.gl/CkvlpR.

 

Вечера
Дали знаевте дека можете да направите нудли од тиквички? Епа може, а единствeно што треба да направите е да купите спирален сечко и да ги подготвите нудлите по желба.

 

Ден 2 

 

2

 

Појадок 

Друга одлична вегaска опција е Чиа пудинг. Чиа семињата се полни со растителни влакна, витамини Б и омега-3 и се прилично добра замена за пудинг. Омилен вкус на Бијонсе е ванила, но можете да направите со било што ви се допаѓа. Еве еден предлог: https://goo.gl/ulHpB7

 

Ручек

Ручекот денес е уште една авокадо салата. Додајте мексикански зачини за малку повеќе вкус.

 

Вечера
Киноата е главна состојка во веганската исхрана. Еве еден предлог за киноа салата: https://goo.gl/qD3yjP

 

Ден 3

 

3

 

Појадок

Овесот заситува и е вкусен начин да се разбудите и е прилично лесно да се направи вегански со едноставно заменување на обично млеко со бадемово млеко. Овесната каша Бијонсе ја сака со банана и една лажичка бадемов путер. https://goo.gl/E1WL1Q

 

Ручек
Ориз и леќа во кари. Леќата е многу важна. И’ ги дава на Бијонсе потребните протеини за да вежба, снима и да ги направи сите нешта што таа ги прави во еден ден. https://goo.gl/PGw9l4

 

Вечера
Месото воопшто нема да ви недостига со овој киноа бургер со црн грав: https://goo.gl/3zhJhh

 

Ден 4

 

кељ салата

 

Појадок

Житариците многу лесно може да ги претворите во вегански појадок – само исфрлете го од рецептот млекото од животинско потекло. Може да употребите соја млеко, но сепак, верзијата за вегански појадок на Бијонсе е поздрава. Нејзиниот совршен, вегански појадок се оризови житарици со чаша млеко од бадем и половина банана.

 

Ручек

Бијонсе обожава кељ. Доколку сте нејзин верен фан, ќе го забележите тоа по спотот на песната „7/11“ каде што носи впечатлив дуксер поврзан со овој зеленчук. Па затоа, на менито се наоѓа оваа салата од кељ и јаболко со прелив од сенф што може да ја видите на следниот линк:  https://goo.gl/0CLD80

 

Вечера

Тестенини со песто сос се одлични за лесна и вкусна вечера. По вкусот на Бијонсе, ова е вегански рецепт за песто со плус зеленчук (спанаќ), ореви и лимонов сок https://goo.gl/0cKSe7

 

Ден 5

 

пикантна манџа со сладок компир и киноа

 

Појадок

Овесната каша е одличен појадок, повторете го појадокот од ден 3 со тоа што ќе додадете плус цимет и јаболки.

 

Ручек

Ручекот денес е едноставен. Само следете ги постапките за подготовка на рецептот од ден 3 – леќа со кари.

 

Вечера

Вечерајте здраво со оваа пикантна манџа од сладок компир и киноа https://goo.gl/AFO9CW

 

 

Ден 6

 

вегански кесадиљи

 

Појадок

Направете смути во блендер од боровинки, кокосова вода, половина авокадо и малку чоколаден протеински прашок.

 

Ручек

Отфрлете го сирењето и подгответе вкусни, вегански кесадиљи https://goo.gl/rhujvc.

 

Вечера

Ако ви остана од киноа салатата од ден 2, направете ја и денес за вечера.

 

Ден 7

 

салата од наут и карфиол

 

Појадок

За последниот ден, консумирајте поедноставен појадок. Направете житарици со половина банана и потопете ги во бадемово млеко.

 

Ручек

Подгответе ја како главен оброк оваа салата од карфиол, наут и праз https://goo.gl/4NGU0z.

 

Вечера

За вечера може да ги подготвите нудлсите од ден 1 со тоа што ќе им додадете малку ѓумбир, сусамово масло, јаворов сируп и соја сос за да добиете азиска салата од нудлси

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: