Занимливости
Како да направите Лимончело
Limoncello е италијански ликер од лимон произведен главно во јужниот дел на Италија, особено во регионот околу Заливот на Неапол, на брегот Амалфи, и неколку oстрови. Исто така се произведува во Абруцо, Базиликата, во Апулија, Сицилија, Сардинија, Ментон во Франција, и малтешкиот остров Гозо. Во северниот дел на Италија, ликерот често се нарекува Limoncino.
Иако постои дебата за точното потекло на пијалак, тој е во постоење најмалку сто години. Може да се служи чисто, а многу често е дел од коктели.
Еве како овој сами да направите домашен ликер од лимон
- Прво ви требаат пет лимони, се разбира. Бидејќи пијалакот се прави од кората на лимонот, пробајте да најдете непрскани лимони. Во спротивно добро измиете ги лимоните со сунѓер и ситно изрендајте им ја кората.
- Кората измешајте ја со со 100мл алкохол (70% јачина) и 350мл водка. Оваа мешавина ќе треба да ја оставите да отстои најмалку недела дена.
- Потоа, 450гр шеќер растопете го во 450мл вода и варете го додека не добиете густ сируп. Алкохолот процедете го од изренданата кора, која сега ќе ја ставите во сирупот во кој треба да отстои околу 2 дена.
- На крај сирупот исцедете го од кората и измешајте го со алкохолот. Мешавината од сируп и алкохол е вашето домашно лимончело. Најдете стаклено шише што ви одговара, стерилизирајте го со врела вода и наполнете го со ликер. Се чува на ладно место.