Занимливости
Како да препознаете дека медот што го купувате е природен?

За оние што често консумираат мед, потребно е да препознаат кој мед е природен, а кој не. Се прашувате каде да го купувате медот, дали е природен или не? Прочитајте ги следните методи и бидете сигурни во својот избор.

 

 

Природниот мед:

 

-е производ од пчели

-има мирис и вкус на мед

-содржи прополис, полен и восок

-нема додатоци на шеќер

-е поздрав

 

 

Вештачкиот мед:

 

-е фабрички производ

-нема мирис на мед или има сосема малку

-не содржи прополис, восок и полен

-содржи шеќери

-не е здрав

 

med

 

Еве неколку методи како да препознаете вештачки мед:

 

1. Протријте малку мед помеѓу палецот и показалецот додека не се распадне. Малку мед ќе се апсорбира во кожата, бидејќи чистиот мед е добар за кожата. Природниот мед не е леплив. Значи, ако медот што сте го нанеле на кожата е леплив, тоа значи дека содржи шеќер или некои други вештачки засладувачи.

 

 

2. Ставете неколку капки мед на лист хартија или тоалет хартија. Чистиот мед нема подолго време да се пробие, затоа што не содржи вода.

 

3. Ставете малку мед меѓу мравки. Пчелите инстинктивно ја градат нивната кошница на дрвјата и меѓу карпите. Тие ставаат мед, со цел да ја заштитат кошницата од штетници, како мравки. Мравките нема да допрат природен мед.

 

4. Наполнете чаша со вода и додајте 1 лажичка мед. Чистиот мед ќе коагулира и ќе падне на дното, и лажниот мед ќе почне да се топи.

 

5. Ставете мед на парче леб. Природниот мед ќе се зацврсти на лебот во само неколку минути. Вештачкиот мед ќе го намокри лебот поради содржината на вода.

 

6. Чистиот и природен мед ќе ви даде чувство на трнење во устата пред да го голтнете. Лажниот мед нема да ви го даде тоа чувство.

 

7. Видете дали медот ќе се кристализира со текот на времето. Лажниот мед ќе остане мазен како сируп, без разлика колку долго се чува, додека вистинскиот мед ќе се кристализира.

 

8. Земете едно чкорче и натопете го во медот и потоа обидете се да го запалите. Ако медот е природен, чкорчето веднаш ќе се запали. Меѓутоа, ако медот не е чист и природен и има вода во него чкорчето нема да може да се запали.

 

9. Ставете две или три лажички мед во чаша и ставете ја чашата во микробранова печка. Загрејте ја на висока топлина. Природниот мед брзо ќе се карамелизира и ќе стане пенлив. Додека лажниот мед нема да биде во можност да се карамелизира и ќе биде полн со меурчиња.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: