Започна сезоната на трошење марамчиња и на топла пилешка супа, со која ќе ги победите насолзените очи, болното грло и фатениот глас. Но можеби сепак има шанса оваа година да ги избегнете тие „зимски радости“. Еве неколку совети како да го сторите тоа:
1.Бидете телесно активни. Неодамнешното истражување покажува дека лицата што се активни имат посилен имунолошки систем бидејќи телесната активност може да го зголеми количеството имуноглобулинот, хемиски комбинации на имунолошкиот систем кои први се борат против инфекциите.
2.Хранете се правилно. За правилната работа на имунолошкиот систем неопходно е присуството на цинк, железо, бакар, селен, витамини А, Б6, Ц и Е во организмот. Повеќето од овие нутриенти се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житарките, јадрестите плодови и семките.
3.Земајте витамини и минерали. Ако понекогаш немате време за квалитетен и урамнотежен оброк, обезбедете си суплементи од минерали и витамини, а особено од витамин Ц.
4.Опуштете се! Хормоните на стресот, кои се лачат како одговор на стрес, го ослабнуваат имунолошкиот систем. Тоа може да биде и клучното објаснување за многуте истражувања кои потврдиле дека лошата психичка состојба (како стрес, потиштеност и жал) го слабее имунолошкиот систем.
5.Внимавајте на дигестијата. Запоставувањето на здравјето на дигестивниот ситем значи и запоставување на здравјето на имунолошкиот систем. Имено, „добрите бактерии“ во дебелото црево и рамнотежата на црвената микрофлора се одговорни за целокупното здравје. Поради тоа во својата исхрана внесете и добар ферментиран млечен производ.
Совети за помош при грип и настинка
За да ги зајакнете телесните имунолошки функции, исхранувајте се со многу овошје, зеленчук, житарки, а избегнувајте шеќери и заситени масти. Јадете повеќе аргуми поради тоа што се богати со витамин Ц и биофлавоноиди. Зголемете го внесувањето на храна богата со цинк (грав, спанаќ, семки од тиква). Внесувајте храна богата со селен (школки, ореви и житарки). Пијте големо количество вода, разредени сокови од зеленчук и билни чаеви за да го спречите дехидрирањето. Пилешката супа исто така има одлична улога при спречување на грип и настинка. Намалете го внесувањето на кофеин и избегнувајте алкохол. Зголемете го внесувањето на лук и кромид.