Сигурно ви се случило да имате желба за нешто слатко, нешто мрсно, кисело која не можете да ја објасните…Тоа значи дека на вашиот организам му недостига некоја супстанција. Прочитајте што му недостига на вашиот организам и одберете ја здравата опција.
Ако ви се јаде чоколадо, тоа значи дека ви недостига магнезиум.
Магнезиумот го има во сончогледот, јаткастите плодови и грашокот.
Имате желба за леб? На вашиот организам му недостига нитроген.
Нитроген има во риба, месо и јаткасти плодови.
Посакувате да јадете нешто благо? Значи дека имате недостаток на гликоза.
Заменете ги слатките полни со шеќер со мед, јаболко, црвена пиперка или малини.
Ви се јаде нешто мрсно? – Ви недостасува калциум.
Калциумот може да го најдете во брокулите, грашакот и млечните производи.
Ви се јаде сирење? – Ви недостасува фосфор.
Фосфорот може да го најдете во јајцата, лукот и пченката.
Ви се јаде сувомеснато? – Ви недостасува холестерол.
Треба да консумирате авокадо, лосос и маслинки.
Ви се пие нешто освежително и кисело? – Ви недостасува витамин Ц.
Витаминот Ц може да го најдете во лимонот, јагодите и зелената салата.